AMRAP тренинг прашалник извичник
Вежбате знаете што е As Many Reps As Possible, или AMRAP. Не вежбате, сакате да вежбате сте виделе некаде на ФБ,интаграм AMRAP. Ајде.
Дали треба да возиш точак сред Ковид-19?
Свесни сме сите дека владее пандемија, што и како е тоа повелете на www.who.org. Имате други прашања околу точак и корона вирусот, ајде да пристапиме.
Како да почнеш со тренинг?
План за почетници и идни цареви и царици во царството - вежбање.
Зошто MYZONE?
Целта на Myzone е користење на технологијата во помагање на луѓето да се чувствуваат добро вежбајќи.
P-push it real good!
Salt-N-Pepa се дефинитивно во право кога викаат ”push it real good”, иако не се мисли на Push Up/Склек сепак текстот е супер за апликација. Склековите се вежба, да ја речеме, евергрин, која е толку ”олд скул”, што веројатно постои и пред да постои ”скул” воопшто.
SlackFit е за сите!
Што е па тоа SlackFit? Тоа ти е како Slackline ама во сала или по дома. Ок. Што е Slackline? Тоа ти е како лента, која се оптегнува така убаво и потоа може да одиш на неа, со нозе, во воздух, ко цар за одење по лента.
Дали загревањето е вашиот неомилен дел од тренингот?
Добро планираното загревање има за цел не само да го подготви спортистот/вежбачот физички туку и ментално, да ја намали веројатноста од повреди и да го подобри перформансот. Што значи дека загревањето има значајна улога во целокупниот тренинг.
Колку стрмно е премногу стрмно кога се качуваме?
На сите ни е тешко кога ќе ги видиме тие 20%, 25% или 30%. Ама колку стрмен треба да биде патот пред да биде невозможен за качување со точак?
Како до два тренинга дневно?
Неколку финти како да успеете да извлечете максимум од двете рунди. Кога имаш полн календар, да вметнеш уште еден тренинг бара посебен вид на креативност. Понекогаш тоа значи да одиш пеш или со точак на работа или да го забрзаш утринскиот тренинг за да направиш време за тренингот со тежини. Некогаш, можеби и ќе ги дуплираш.
Дали јаглехидратите, се цареви за издржливост?
Вистинската храна или нитриција (ретко глуп, збор кога е не преведен) е најчесто алката што фали, меѓу тренингот и подобрувањето на резултатите. Имаме милион философии за нутрицијата и на темава, ама ние ќе се обидеме да ги воочиме различните типови на јаглехидрати и како тие работат за да му дадат гориво/енергија на телото за време на различни интензитети на активност.
Четири придобивки од флексибилноста
Да се тегне или да не се тегне? Тоа не е ниту прашање. Одговорoт е, да, треба да се истегнувате. Флексибилноста, (истегнувањето/стречинг, иако не е исто, ама за тоа друг пат), овозможува милион бенефити, од зголемувањето на опсегот на движење, намалувањето на повреди, зголемувањето на силата, до подобрување на перформансите. Ај сега да наброиме четири. Инаку, stiff as a board, light as a feather.
Совет #3: Пробајте да го нахраните телото со вистинско гориво
Без разлика дали сакате да симнете некое кило, да качите или само да пробате да влезете во поздрав lifestyle. Хидрирањето и правилното јадење е основна компонента за да ја стигнете вашата фитнес цел.
Не се откажувај, кога си фит! Тренингот за издржливост е најбитен
Еве една метафора. Замислете дека сте хибриден автомобил, ги користите и двата извора на енергија и мастите и гликогенот за да произведете енергија. Исто како што авотомобилот користи ел. енергија и гориво.Кога го возите хибридот, користите микс од струја и гориво…
НГ одлука, совет #1:
Она кон што треба да се концентрирате ако сте заинтересирани за намалување на телесна тежина и одржување ”во форма” е опсегот од 65%–75% од машиот максимален срцев пулс. Има многу формули за да го пресметате вашиот максимален пулс, еве една е, за мажи одземете ја вашата возраст од 220…
Симни се од тоа лентата за трчање: Имаме подобар тренинг за кондицијa
Што значи тоа “во форма”? Според мејнстрим светски и МК фитнес, тоа е некоја комбинација од способности како: да направиш чатаљон брпи-а, да пузиш низ кал (иако нема кал) или па потната рефлексија од вашите мускули да светка, ѕвездено додека трчате некаде во далечината.
Започни ја годината со Spinning®
Тука сме за да го преживеете сивилото на зимата и нормално да ви помогнеме околу новогодишните одлуки, или резолуции, термин што е глуп. На страна резолуцијата, ќе ви помогнеме со неколку наши совети и најверојатно ќе ве мотивираме со приказните во продолжение.
Правилна форма или ФОРМА 101
Лесно е ко возење точак. Сите движења на Spinning® се истите оние движења кои би ги правеле на друмски велосипед. Спининг програмата се фокусира на 5 основни движења и на три позиции на дланките.
Тренинг и слабеење според срцевата фрекфенција
Одлуката дека ќе вежбате посветено е можеби и најдобриот чекор што може да го направите кон остварување на поголемата цел, слабеењето.Но за ефикасноста на тренингот мора да обратите особено внимание на срцето, поточно, на срцевата фрекфенција.
Дали со Spinning® ќе ми се зголеми, задникот?
Од сите митови кои кужат наоколу за Spinning® програмата, овој е веројатно најголем, no pun intended. Без разлика дали примарниот мотив ви е да изгубите телесна тежина, крос тренинг или рекреација, сигурно не сакате да се зголемите, оставете им го тоа едни други дечки и девојки.
П: “Ќе ми се зголемат ли нозете од качување?”
Едно прашање кое често го добиваме од нашите студенти е, ”Дали ќе ми се зголемат нозете од качување?” Одговорот е прилично едноставен, за да ви ”се зголемат” нозете или да изградите мускулно ткиво, треба да работите со многу отпор/тежина, малку повторувања и често до откажување или да се качувате дооолго со сериозен отпор.