Што имаме

Имаме знаење, искуство и трпение за да се справиме со сите вас.

Да, со тебе, што прв пат слушаш за склек, згиб, скок, FTP, Neuromuscular Power..

Да, со тебе, што тоооолку дооолго си заглавен во средината, па не можеш да го стигнеш следното ниво.

Да, да и со тебе, о голем мастер на физичката подготвеност - спортист.

Нашите методи

Full Body System®

Понеделник, Среда и Петок
07:30ч ; 18:15ч

Вторник и Четврток

18:15ч

Сабота
10:00ч

Тоа ® значи дека програмата е уникатна и дека ние сме ја смислиле. Толку сме добри😎. Од справи за вежбање: најмногу ќе го користиш твоето тело и најчесто ќе правиш различни вежби. Едноставно. Никогаш нема да бидеш во последниот ред и „нешто како демек вежбаш”. Ве гледаме секогаш, бидејќи сте малку, а ние сме посветени и сакаме да успеете.

Spinning®

Понеделник, Среда и Петок
19:30ч

Понеделник, Вторник и Четврток
17:00ч

Сабота

09:00ч

Тоа ® значи дека програмата е уникатна, овој пат некој друг ја смислил, нас ни се допаднала, па сме учеле како треба да ја изведуваме, па сертификати..елитни power/rockstar инструктори сме биднале. Со дипломи. Не веруваш? Дојди види ги на ѕидот!

Не сакаме да сме скромни, па затоа: ние сме првите и единствени кои ја имаме Spinning® програмата. Тоа што други продаваат некакви други педали и философии лично не ни пречи, дека нели копираши… - но ти пречи Тебе. Некој се преправа дека е нешто што не е, а знаете дека ние најмногу ги почитуваме оние кои не се преправачи.

Повеќе за Spinning® дознај ТУКА!

Индивидуална програма

Тогаш кога ќе се договориме

Искрено не би пишувале ништо освен нашиот телефон, 078 700 070, за да закажеш состанок со нас, па да дискутираме во живо, што вистински сакаш да постигнеш.

Но, еве ајде. Во Спорт Инн не нудиме индивидуални часови, еден-по-еден час / еден-на-еден. Ако сакаш некој да оди со ливче покрај тебе додека менуваш справи. Не сме за Тебе.

Нудиме програма. За тебе. Само за тебе. Што функционира на..тебе! За да ги достигнеш целите што заедно ќе решиме дека се возможни*.

*сè е возможно!

Спортски опоравок

Тогаш кога ти треба

Не е само влечи, бутни, стисни, трчај, вози, качувај се. Успехот следи најмногу и најчесто по пауза од сите тие работи наброени горе. Затоа, некогаш треба повеќе влажност, па имаме парна бања. Некогаш треба студен шок, па затоа имаме - ледена фонтана. Некогаш треба, нечии раце да ве стиснат малку, затоа имаме кревет за масажа. Chill.

Телесен состав и спортска исхрана

Можеме да ти покажеме неограничен број на луѓе со ист број на килограми кои изгледаат тотално различно. Имај го тоа секогаш на ум. Ние сакаме да ти ја покажеме позадината и сржта на сите тие килограми кои ги имате, малку или многу. Па потоа ќе правиме муабет за сите тие јаглехидрати, протеини и масти. Инаку, еве ти еден прв бесплатен совет за исхрана: сите диети во суштина работат, ама не работат доволно долго.

MYZONE®

Нашиот систем против преправање

Разбуди се и прифати ја технологијата, ама со усул. Немој да си демоде. MYZONE е иновативен систем за следење на срцевиот пулс, насекаде. Не е како сите други и го нема на ниту едно друго место во Македонија. MYZONE го мери твојот реален напор, а не единствено твојот пулс. MYZONE помага да се чувствуваш убаво додека вежбаш. Ако така сакаш да се чуствуваш?

Повеќе за MYZONE® дознај ТУКА!

GIBBON Slacklines

Секаде и Секогаш

Излези надвор и балансирај. Сакаш да си цар во рамнотежа, ама не знаеш што ти недостига. Истото не мачеше и нас, ама го пронајдовме GIBBON, оптегнавме еден slackline во парк и останатото е историја.

Повеќе за GIBBON Slacklines дознај ТУКА!