П: “Ќе ми се зголемат ли нозете од качување?”

Иако знаеме често да возиме профили кои имаат долги качувања, под долги, мислиме на оние кои траат повеќе од вообичаено не мислиме на качувања со часови и часови. Како и да е, нашата Spinning® програма не е структурирана да ви ги ”зголеми” нозете и повеќето качувања нема да го создадат тој резултат.

Во нашата Spinning® програма, примарната цел е да изградиме мускулна издржливост, не сме баш сконцентрирани на апсолутната сила или мускулната маса. Сепак, студентите се ”жалат” на отпорот, кога истиот е поголем од вообичаено и за прв пат го искусуваат истото, па не се предизвикуваат доволно и на крај не напредуваат. Гледајте на качувањето вака: тоа има огромен бенефит за кардиоваскуларното тренирање или кондиција, влијае на силата и на тонирањето на мускулите.

Tour-de-France-Climbers-Jersey.jpg

Дополнително објаснување на прашањето: качување при високо аеробни срцеви фрекфенции помага да се подобри кардиваскуларното ниво, кое пак ја подобрува мрежата на капиларни завршетоци, тоа резултира со подобрен крвен проток кон кожата. Оваа физиолошка промена често се буни со ”зголемување” бидејќи ја прави кожата поочуствителна, па луѓето мислат дека алиштата им се претесни.

Одговорот за тесните фармерки би требало да го побарате на друго место, еве на пример во кујната. Да сумираме, вашите мускули го користат ефектот од енергетскиот систем во кој тренирате, а Spinning program програмата многу ретко ги носи студентите во енергетскиот систем кој би можел, би можел, е клучниот збор, да доведе то ”зголемување”. Keep climbing без страв и најважно, #EnjoytheRide!

Previous
Previous

Дали со Spinning® ќе ми се зголеми, задникот?

Next
Next

Совети и грицки за поздрава празнична Сезона!