Не се откажувај, кога си фит! Тренингот за издржливост е најбитен
Дополнително, електричната батерија се полни самата кога одиме надолу или додека кочиме. Оттаму, ако штедиме можеме да стигнеме подалеку со еден резервоар. Е, исто така работи и вашето тело, и исто така тука најчесто се греши, па резултатот е претренираност, намалена форма, губење на мотивацијата а на крај можете и да се здебелите.
Па ајде да ги споредиме нашите организми со хибридниот автомобил од погоре. Нашите тела цело време користат енергија, дури и додека дремете пред тв или монитор. Енергијата која пак ја внесуваме е секогаш микс од масти и гликоген. Треба паметно да ја користиме таа енергија, погодувате за, подолго да сме во функција. Основното правило е кога тренираме или функционираме на низок интензитет, во миксот од енегијата која се користи доминантни се мастите како гориво. Со зголемување на интензитетот во вртењето педали, сите имаме специфична срцева фрекфенција во која миксот се префрла на доминантниот гликоген (јаглехидрати зачувани во црниот дроб и во мускулите). Финтата со овие извори на енергија, е колку имате на залиха во вашето тело. Токму заради ова, сите, а особено оние кои се фит и сакаат да ги зголемат своите перформанси имаат потреба од тренинг за издржливост.
Маж кој е висок 174цм и тежи 70кг, со 12% телесни масти, има 94500 расположливи калории од масти. Истиот маж има само 1800-1900 калории расположливи од гликоген. Оние првите 94500 калории се скоро безграничен базен од енергија во кој би го користеле пред да ги потрошите тие никакви 1800 калории од гликоген. Кога ќе ги потрошите тие 1900, останавте со празен резервоар.
Сега, може да јадете додека возите за да ја задржите таа залиха на гликоген. Но за жал тоа нема да го врати назад целиот гликоген. Вашето тело може да прими стотина калории на час, потоа ќе се активира дигестивниот систем и сигурно ќе се успорите. Тренингот на висок пулс, на крај ќе ве успори и ќе ве натера да застанете.
Ова се неколку причини зошто тренингот за издржливост им е потребен на сите, не само на оние кои сакаат да изгубат некое кило. Ако сакате да сте здрави и особено ако сакате да имате добри перформанси во спортови кои бараат изджливост (активности кои траат повеќе од 90 минути), мора да вметнете доволно тренинг за издржливост.