Започни ја годината со Spinning®
НГ одлука, помош со совет #1:
Следи го напредокот во твојата форма со мерачи за пулс и со Energy Zones™
Држењето за врат или за дланка и мерењето на пулсот е ту мач ретро: појас кој го мери вашиот пулс е најдобрата инвестиција која ќе ви помогне да го визуелизирате напорот. Нашиот MYZONE систем е прецизен, паметен и удобен начин да добиете фидбек за тренингот. Но тие бројките сами по себе ништо не значат, слободно прашај не како и колку напорно треба да тренираш. Не е битно секој ден и секој тренинг да си во ”црвено”. Срцето е мускул, не го заборавајте тоа.
НГ одлука, помош со совет #2:
Don’t Quit When You’re Fit: Тренингот за издржливост е основниот елемент за успех
Нема врска до каде сте со вашето лично фитнес патување, има една проста замка. Со првите позитивни резултати да се прехрабрите и да се откажете мислејќи, еве успеав ја стигнав целта. НАПРОТИВ баш тогаш треба да запнете најмногу. Со базниот тренинг започнувате со губење на тежина и со аеробна удобност, тоа е она кога не баш лесно се задишувате, НО, тренингот за издржливост ќе ве однесе кон вашите долгорочни цели.
НГ одлука, помош со совет #3:
Дај му на огранизмот вистинско гориво, дури и кога не си дома
Не е битно дали сакаш да симнеш некое килце или сакаш да живееш малку поздраво, добратахидрираност и правилната исхрана е најбитната компонента за вашиот успех.
НГ одлука, помош со бонус совет #4:
Инспирирај се со Spinning® Success приказни
Успехот на другите нека ве мотивира за вашиот успех. Дозволете другите да ве мотивираат тогаш кога вас не ви оди баш. Пробајте ќе видите дека е убаво.