Тренинг и слабеење според срцевата фрекфенција

Срцето реагира на вежбањето исто како и секој друг мускул во телото: како што кревањето тегови може да ви ги направи бицепсите поголеми и посилни, вежбањето на срцето истото ќе го направи посилно и поефикасно. НАЈВАЖНАТА лекција за денес е: ако вежбаш на максимум секој ден и секој тренинг веројатно нема да ослабеш, а причината е едноставна - превисок пулс често резултира со повреда како најлоша варијанта и drop во мотивацијата + секако замор и болки како најчеста причина.
 

Вежбањето со срцев пулс можеби звучи напредно и комплицирано но во основа е едноставно. Кога зборуваме за тренинг според срцева фрекфенција, зборуваме за тренинг со соодветен интензитет кој ултимативно ќе придонесе кон намалување на масните наслаги, подобрување на кардиоваскуларниот систем или која и да е вашата крајна цел. Вешиот пулс е индикатор кој ќе ви каже дали вежбате со соодветниот интензитет.

Heart Rate Monitors: Мерач за срцев пулс веројатно е најдобрата инвестиција доколку сакате да започнете со вежбање. Иако порано се користеше рачното мерење, знаете стисни го вратот метода, сепак тоа не е доволно презицно. За да го измерите пулсот со оваа ретро метода, најпрво треба да се смирите а самото тоа значи намалување на пулсот па оттаму и непрецизноста.
 

Мерачите кои ние во СПОРТ ИНН ги користиме веќе 5 години, се наградувани веќе неколку пати за најпрецизни. Станува збор за MYZONE Heart Rate Monitors. Со MYZONE ја гледате срцевата фрекфенција постојано за време на тренингот, континуирано и прецизно, во неколку формати. За нив имаме пишувано неколку пати, па слободно може да прокопате по сајтот.

MYZone.jpg

Target Heart Rate: Се разбира, дека бројките на мониторот во Спорт Инн или на вашиот телефон, сами по себе нема да ви значат нешто ако не ја знаете вашата посакувана срцева фрекфенција? Тоа не е комплицирано и не ви треба баш нешто математика. Златното правило за слабеење и градење на база односно издржливост е континуиран напор на срцето во зоната од 65%-75% од максималниот срцев пулс. Вашиот максимален пулс лесно се пресметува, а MYZONE тоа го прави за вас, така што, може да уживате. 

Energy Zones™ / Енергетски Зони: Во Spinning, зоната за слабеење и издржливост, погодувате се вика Endurance Energy Zone. Вкупно имаме пет зони и секоја има свои предности и основни карактеристики:

Recovery Energy Zone (50%–65% од Максималниот срцев пулс (MHR)
Ви дава можност да здивнете, да се опоравите, да не прегорите и да го намалите ризикот од повреда.

Endurance Energy Zone (65%–75% од MHR)
Ја гради вашата аеробна база и го поттикнува телото да ги согорува мастите како примарено ”гориво” сето тоа со прилично стабилен пулс, нормален ритам и подолго време. 

Strength Energy Zone (75%–85% од MHR)
Ја подобрува кардиоваскуларната сила преку зголемен интензитет.

Interval Energy Zone (65%–92% of MHR)
Го стимулира и подобрува метаболизмот и горењето на калориите преку експлозивни интервали на брзина и сила од една страна и одмор од друга страна. 

Race Day Energy Zone (80%–92% од MHR)
Оваа енергетска зона е крајниот предизвик, тогаш кога не ти е убаво. Тогаш кога даваш се од себе со цел да го измериме фитнес нивото и вашиот напредок.

Ако намалувањето на телесната тежина е вашата цел, тогаш паметен пристап со MYZONE појас и соодветна исхрана се нашиот совет. Не само што ќе ја намалите тежината туку исотто ќе го направите на поздрав и побезбеден начин, тоа на крај значи дека килограмите нема како јојо да се вратат назад.

social-media-images_1024x1024 (1).jpg

Не зборуваме глупости: Stephen Black има 25+ години искуство во индустријата. Тој има работено со врвни професионални тимови од NFL, NBA, NHL, WNBA и ABL/NBL асоцијациите.

Previous
Previous

Правилна форма или ФОРМА 101

Next
Next

Дали со Spinning® ќе ми се зголеми, задникот?