P-push it real good!

Па што е проблемов? Повеќето луѓе мислат, дека знаат како се прават склекови, па воопшто се немаат потрудено да ја научат вистинската техника, реално ја потат техниката - бидејќи сме во олдскул фазон. А од лоша техника, секогаш имаме полоши повреди на зглобовите на рацете, а истата лоша техника веројатно и не ви дозволува да напреднете со силата и формата.

Ај да пробаме да ве научиме како се прават склекови, а ако знаете, не бидете такви, прочитајте пак, споредете, пробајте.

  • идеално прстите треба да ”гледаат напред”.

  • ”мишките на лактите”, хе хе, треба секогаш да се насочени нанапред. Лактите треба да останат покрај вас, покрај ребрата, секогаш.

  • рамената треба секогаш да се над зглобовите! Секогаш!

  • главата е во неутрална позиција, брадата повлечена накај себе. Не пробувај да допреш до подот со брада.

  • стисни гс, исправи ги и заклучи ги колената и спој ги тоа нозете, нека личи на нешто тоа што го правиш.

6f97bde6-d829-4c00-886f-0314263327ac.jpg
Previous
Previous

Зошто MYZONE?

Next
Next

SlackFit е за сите!