Правилна форма или ФОРМА 101

HP.png

Петте основни движења на Spinning® програмата се:
• Seated Flat – возење во седиште-рамно, Позиција на дланки 1,2 или 2.5
• Seated Climb – возење во седиште-качување, Позиција 2 или 2.5
• Standing Flat – возење надвор од седиште-рамно, Позиција 2 или 2.5
• Standing Climb – возење надвор од седиште-качување, Позиција 3
• Jumps – скокови, Позиција 2 или 2.5

Петте основни движења кореспондираат со следните 3 позиции на дланките:

Исто како што голферите или кошаркарите работат, едните на замавнувањето - другите на движењето со зглобот, особено важно во Spinning® е да работите на формата и флуидноста. Елиминацијата на сите непотребни движења ќе придонесе кон поголема ефикасност па на крај на часот ќе бидете полни со енергија наместо, умрени. Константните подобрувања на вашата форма, флуидност, брзината и ритамот ќе го извадат максимумот од секој час возење. 
 

За жал, понекогаш возачите се во искушение да измислат некакви нови позиции или движења на Spinner® велосипедите, кои може да се значително ризични. Ова се некои од прашањата кои може да си ги поставите или да ни ги поставите на нас, пред да пробате некакво ново креативно движење што сте го виделе на youtube и сл.

• Може ли да го изведете истото на друмски велосипед? Ако не, не го правете!
• Има ли подобар начин за да стигнете до истата цел?
• Имате ли контрола?
• Движењето, има ли физиолошка функција или ви е кореографија?
• Дали движењето е безбедно и ефикасно?
• Како ви изгледа движењето, природно?
• Дали е безбедно за вашите зглобови? Колена, лакти и кичма.

Previous
Previous

Започни ја годината со Spinning®

Next
Next

Тренинг и слабеење според срцевата фрекфенција