Совет #3: Пробајте да го нахраните телото со вистинско гориво

Грабни и излези: Пробајте да ја наполните кујната со вистински, здрави и цели продукти. Колку помалку глупости пишува на пакувањето тоа подобро. Изберете некоја комбинација од следните:



  1. Овошје (свежо или смрзнато): некои бобинки, банани, портокали, јаболки, грозје

  2. Зеленчук (свеж или смрзнат): цел грашок, моркови, краставици, чери домати, зелени пиперки

  3. Здрави протеини/масти: маслинки, јатки, природни путери од јатки, хумус, семки, јајца (ЦЕЛИ), вистински путер, вистинско кисело млеко, авокадо, туна, свинско, телешко. Заборавете на тие лајт и low fat/diet производи кои се полни со непотребни шеќери.


Пробајте да готвите на големо: Ако готвите пробајте да готвите на ангро. Предноста на готвењето е во тоа што имате контрола врз тоа што го јадете и нормално готвите. Ако пак дополнително ги јадете и остатоците/остатокот од оброкот го зголемувате и квалитетот на храната која ја консумирате наредниот ден. 

Избегнувајте ги пијалоците полни со калории: Проблемот со течните калории е дека истите се конзумираат брзо и за жал не нудат баш ситост ниту пак сте помалку жедни на крај. Па оние што јадат/пијат лате од 400 калории гарантирано ќе се гладни многу брзо и на крај ќе јадат исто како да не го испиле кафето. Уште една причина плус да живеете со мотото: Јади ги калориите и пиј вода!

На темата пијалоци, има ептен hype за смути (ве молам не го викајте, смуди, како може смуди да излезе од smooTHie). Иако е најдобро да јадете цврста храна, скокањето на оброци не е океј зошто не ја имате енергијата која секако му треба на организмот. Ако со смути го рашавате проблемот на скокање оброци, супер, ама направете си го сами. Сите диет/лоу нешто смути се полни со вештачки шеќер и не мора смутито да го содржи целиот фрижидер.

Пробајте за база да користите млеко или вода, на тоа додадете вистински овошја и зеленчуци, немој да ставате сокови! Додадете и здрава доза на протеин, лен, павлака, јатки.. Ако пак користите протеински прашок (кој не користи, нека не се срами пак сте океј), пробајте да ги отворите очите за составот на протеинот, колку шеќер има, ако пишува дека е без шеќер, а е благ, зошто е благ? Веројатно од некаков засладувач, кој е тој? Пробајте некој протеин без вкус!  

Previous
Previous

Четири придобивки од флексибилноста

Next
Next

Не се откажувај, кога си фит! Тренингот за издржливост е најбитен