Совети и грицки за поздрава празнична Сезона!
Океј, можеби грижата на совест околу погрешната храна и не е најстрашната работа на светот, но сигурно ќе бидете ставени на тест да брцнете во таа скришната фиока со благо, сите ја имаат, да не се лажеме. Како што се намалува денот и времето станува се постудено, шансите за активности на отворено се намалуваат, подолго сте дома, мозокот почнува да работи...
За да не полудите и да ве охрабриме ќе пробаме да ви помогнеме со некој совет и трик како да продолжите да правите подобри одлуки околу исхраната во овој период во кој се супер лесно да избегате од добрите навики. Слободно споделете ги и вашите трикови.
Есенски супер хранливи производи
Можеби сезонските празници ве асоцираат на полни трпези и неограничени десерти во семејна атмосфера. Но ќе се изненадите колку многу сезонска храна има во есен и колку многу од тие зеленчуци и овошја се здрави и добри за вас. Семките од тиква се некако опсесија на модерните нутриционисти, пробајте ги и и пресудете сами дали се супер храна. Инаку семките се полни со магнезиум, а магнезиум е хит, им помага на вашите коски и наводно го намалуваат ризикот од фојазност и срцеви болести.*1
Слатките компири, не само што се вкусни; богати се со beta-carotene и други anti-oxidants како vitamin C, за кој веќе добро знаете дека му помага на телото да се одбрани од сите тие настинки и да го подобри изгледот на вашата кожа. Дополнително,beta-carotene е одличен извор на vitamin A, за кој барем една студија сугерира дека го намалува ризикот од рак на стомакот.*3
Близок роднина на слткиот компир, тиквата е еден од најпопуларните зеленчуци во ененско-зимската колекција. Тиквата е полна со vitamin A, и mono-unsaturated масни киселини кои му помагаат на вашето срце.*4. Затоа следниот пат кога ќе бидете ставени на искушенит одберете паметно, било кој од овие три производи се супер грицки или супер главни оброци.
Хидрираj, хидрирај, хидрирај се!
Со падот на температурата, полека се насочуваме кон топли пијалоци, топло кафе, какао или топло чоколадо, се со цел да се згрееме, нели? Се тоа супер ама не смеете да ја заборавите водата, важно е да сте добро хидрирани, кога сте, ја регулирате и телесната тежина. Прочитајте колку од вашата тежина е вода. Водата не само што ни помага во добрите перформаси за време на тренингот туку има и еден тон бенефити во секојдневните активности. Ја регулира температурата и ги ”подмачкува” зглобовите.
Една особина веријатно ви е добро позната. Водата ја потиснува гладтта и го поддржува метаболизмот во тоа. Има милион студии кои покажуваат дека учесници кои пиеле повеќе вода, просечно губат повеќе телесна тежина од оние другите*5. Следниот пат кога ви е матно и нејасно што да јадете, пробајте една екстра голема чаша вода, можеби тоа ви се јадело.
Не се плашете од времето и сезоната
Секоја сезона си има позитивни страни. Позитивниот јазик е една од основите на Spinning прогрмата. Се трудиме постојано да ве мотивираме со помош на позитивни асоцијации и визуелизации и тоа функционира. Пробајте остото ова да го примените во исхраната. Сигурно функционира. Најважно е да останете позитивни и полека да ја изградите вашата навика за здрави одлуки. На крајот сигурно ќе има плод.
Да, ќе има моменти кога ќе попуштите. Знаеме. Ама ОК е. Навистина е ОК. Некоја чоколада нема да го уништи сето она што го правите со месеци, ако го правите! Се додека ја гледате големата слика немате проблем, ОК е.
Имате некои ваши финти и совети, не ги држете во џеб, пишете ни ги на FB !
Референци:
1 Ware, Megan RDN LD. “Pumpkin Seeds: Health Benefits, Nutritional Information,” Medical News Today, December 14, 2015, accessed October 24, 2016, http://www.medicalnewstoday.com/articles/303864.php
2 Bjarnadottir, Adda M.S. “Sweet Potatoes 101: Nutrition Facts and Health Benefits.” Authority Nutrition, accessed October 24, 2016, https://authoritynutrition.com/foods/sweet-potatoes/
3 Larsson, S.C., Bergkvist, L., Näslund, I., Rutegård, J., Wolk, A. “Vitamin A, retinol, and carotenoids and the risk of gastric cancer: a prospective cohort study.” The American Journal of Clinical Nutrition. February 2007, accessed October 24, 2016, https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17284749
4 Nutrition-and-You. “Butternut squash nutrition facts,” accessed October 24, 2016, http://www.nutrition-and-you.com/butternut-squash.html
5 Stookey, J. D., Constant, F., Popkin, B. M. and Gardner, C. D. “Drinking water is associated with weight loss in overweight dieting women independent of diet and activity.” Obesity. November 2008; (16)11: 2481–2488.