10 Начини да се мотивирате и да останете мотивирани
Опкружете се со позитивно настроени пријатели. Позитивниот став и стас на пријателите е заразен, па заразете се. Секогаш помага кога ќе споделите некаков план со нив. Најверојатно заради тоа што ентузијастички сте им го презентирале планот/целта на пријателите ќе успеете да ја исполните.
Нека не биде досадно. Не постои човек што ќе прави нешто што му е крајно досадно. Од кој тип сте, оние што ја гледаат целата слика? Оние кои ги гледаат деталите? Лесно ли барате помош? Почнувате нешто ново или нешто што ви е делумно познато. Изберете нешто што одговара на вашиот lifestyle, одберете нешто интересно. ѓ
Запишете ги добрите идеи, ВЕДНАШ. Убаво е секогаш да имате нотесче и пенкало при рака. Ако сте модерни и дигирализирани, има милион апликации на моб. Сите имаме добри идеи, ама само некои ги запишуваат, а уште помалку ги извршуваат. Лесно ни бегаат и добрите идеи поради постојаните дистракции, затоа запишете си ги идеите. Секако погледнувајте ги, прегледајте ги, направете план како ќе ги остварите.
Не за џабе сонувате. Пробајте пред да си легнете да помислите на целите. Мислете не нив неколку вечери по ред. Ќе ви помогнат да визуелизирате план за акција, наредниот ден, а може и да се преморите од мислење па да заспиете побрзо.
Имајте план А, Б, В и Г. Што ќе правите ако не тргнат работите? Ако имате алтернатива, релаксирано ќе ги поминувате плановите, знаејќи дека сте подготвени и за веројатно најлошото сценарио.
Наместете си приоритети. If you fail to plan, you plan to fail. Ова вака ќе го оставиме изворно. Како навистина го трошите времето за да ги остварите целите? Дали се и сите имаат приоритет пред вашите приоритети. Направете пресек и баланс.
Бидете реални за тоа колку можете и што ви треба. Станувате рано? Ви треба тишина? Дали сте тимски играч или преферирате да напаѓате соло? Имате време за да постигнете се или имате напнат распоред постојано? Размислете ги овие прашања, пред да си ги поставите целите, забележете ги одговорите. Од нив направете ги вашите цели.
Израдувајте се, мајку му! Ви текнува она со списокот. Епа направете си ист таков со она што сте го постигнале, минорно или не. Сфатетете и воочете дека сте прилично мотивирана личност и онака. Просто ги земате здраво за готово. Откако ќе ви стане јасно дека сите ситни задачи ги остварувате, преминете на покрупни и покрупни.
Учете од грешките. Сите вредни работи се креирани од искуството, а во искуството има милион науспеси и назадувања. Грешките ви даваат ll things of value are created from experience—and experience includes failure and setbacks. Mistakes can give you insight into yourself and others. Don’t ever be afraid to go for it!
Немој да се саботирате, себеси. Ако немате никаков мотив, можеби имате некој внатрешен конфликт. Можеби си е страв од непредвидените последици од остварувањето на целта, или пак се плашите од науспех, или што ќе кажат другите. Запамтете, соништата се само ВАШИ, се што доаѓа со нив е ваше. Не правете ништо за да задоволите другите.
Доста со хејт и негативизам. Да, да се е лошо, ништо не чини, ајде да се отселиме..Исто е секаде ако вие сте негативни и барате нешто лошо во се. Исто е ако и сите околу вас се такви, што е и во мода во поледно време. Исто е и ако постојано на ФБ ги гледате и се задржувате на негативните глупости. Баталете тоа, почнете од вас, ако успеете вие и тие околу вас ќе престанат со хејтот, дека само со нов хејт расте постоечкиот.
Тука внесете си некаква мотивирачка порака. Една од нашите омилени е: get shit done!