Мобилност контра флексибилност: што те буни?

За тебе што прв пат ги слушаш овие зборови, ок ќе научиш нови два збора за кои се врзани два концепти. Можеби си ги чул ама не поврзани со вежбање. Па мобилност ти е нешто со мобилен а флексибилен ти е: она коа си флексибилен со време па ниту касниш ниту си на време за нешто. 

 

За тебе, „фитнес експерту“ уреду е. 

 

За тебе, што почнуваш со тренинг па ти кажуваат: „ајде сега да се истегнемеее“, „рашири ги нозете и дофати нанапред“. Тебе веројатно те бунат двете работи, дека се користат, заедно и поединечно.

Често се користат овие термини во стил: „види го бе овој ама е флексибилен“, „ако сакаш да чучнуваш подолу треба да работиш на мобилноста во куковите“. 

 

Проблемот е дека двата термина не се користат ексклузивно. Или едното или другото. Флексибилност и мобилност се испреплетени, ко плетенка. Не може да го имаш едното, а да го немаш другото.

200.gif

Флексибилност објаснето

Кога си флексибилен, твоето меко ткиво (мускулите) може да издржат некое истегнување полесно отколку кај некој, некој што го сметаме за „крут“. 

Кога стоиш исправен, твоите задни ложи се издолжени, кога ќе се наведнеш да ги допреш прстите, твојата флексибилност ќе ти одлучи дали ќе ги допреш лесно или ќе заглавиш на пола пат.

Ко што си приметил, тешко е да го поставиш телото во некоја позиција. Позиции како, претходната, допри прсти на нозе, или пак да седиш со скрстени нозе. Тоа е бидејќи мускулите ти се затегнати. Тие во суштина се борат против истегнувањето или издолжувањето. Затегнатите мускули т.е. мускулите под тензија ги прават овие позиции на телото – тешки.

Да чучнеш со гзот до земја можеби ти е тешко бидејќи имаш затегнати кукови, листови или затегнати мускули на грбот.

Резултатот е: твојот недостаток на флексибилност ќе предизвика помала мобилност.

Разбери што е мобилност

Кога правиме муабет за мобилност, правиме муабет за тоа како твоето тело се движи низ просторот.

Телесната мобилност, или мобилноста на телото во суштина означува движења како, станување од кревет, или станување од подот – откако ќе паднеш.

Можеш да ја сметаш за мобилност и онаа во однос на одреден дел од телото, колку лесно може да ја свиткаш и исправиш раката, ногата или куковите низ целосен опсег на движење.

Дебатата: Мобилност контра флексибилност

mbilnost-kontra-fleksibilnost-sportinn.jpg

Флексибилноста најчесто ја сметаме за „пасивна“ особина. Ти текнува на онаа што ја знаеш што може да направи шпага, онака, без да се загрева. Неа сигурно ја сметаш за флексибилна, м?

Мобилност најчесто не потсеќа на нешто „активно“. Она кога се движиш со некоја намера. Како кога се наведнуваш да направиш чучањ со една нога, а другата ја држиш право исправена пред тебе. За тоа треба баеги мобилност.

Ама не можеш да ја имаш оваа мобилност без да си флексибилен и обратно. Затоа што двете се ВРЗАНИ. 

Подобро е да мислиш на следниов начин: што треба да правиш за да ги достигнеш твоите цели за движењето?

Ако не можеш да ги допреш прстите можеби грбот ти е затегнат и треба да работиш на тоа.

Соодветниот тип на истегнување

Во истегнувањето имаме два типа: пасивно (статично) и динамично (активно). Има и подтипови ама да не замараме. Ние ги правиме и препорачуваме, ДА и тебе ти препорачуваме да ги правиш и двата, бидејќи и двата типа ФУНКЦИОНИРААТ добро.

Пасивно (статично)👇🏻

200-2.gif

Динамично (активно) 👇🏻

200-3.gif

АМА, кое ќе го правиш ти зависи од ТЕБЕ и од твоите цели. Кога се истегаш мора да има некоја намера. Ваљда не сакаш да бидеш флексибилен, колку да си флексибилен. Подобро е да имаш цел! Најдобро е да имаш конкретна цел!

Ако сакаш да чучнуваш, подлабоко, со подобра форма и без болка, која група на мускули не ти дозволува да го правиш тоа? Што те затега? Одговорот на вакви прашања ќе одлучи како и кои мускули ќе ги истегаш.

Пасивно истегнување е кога „влегуваш“ во истегната позиција и стоиш во таа позиција некое време. Мисли на: се наведнуваш да ги допреш прстите на нозете и стоиш во таа позиција 30 или 60 секунди. 

Динамично истегнување е кога ги нишаш рацете напред или назад, или нозете или било кој друг дел. 

Главната разлика е: времето поминато во истегнатата позиција. 

Колку исчекори нанапред треба да направиш за да се изедначи со 30 секунди во статично истегнување на препони?

ПССТ. Подобро е да седиш во исчекор позиција 3 сета по 60 секунди ако целта ти е да станеш пофлексибилен.

Знаеш, тие сетови и секунди се базираат на тоа каде си со флексибилноста во моментов. Односно е индивидуално. Односно ако си флексибилен како даска а сакаш да ги допреш прстите на нозете, сигрно ќе треба да работиш, повеќе и подолго. 

Само да знаеш дека тоа е процес и дека на крај сигурно ќе бидеш повеќе флексибилен, АКО ТИ ГО САКАШ ТОА ДОВОЛНО. Односно си посветен.
Ако пак си некој кој е веќе флексибилен, баеги. Треба да правиш динамични движења за да си ја задржиш флексибилноста.

Молим те! Пази се од „ЕКСПЕРТИ ЗА МОБИЛНОСТ“

Ако си загрижен за твојата мобилност, не си сам. Тоа е збор што го фрлаат наоколу, сите. Кој стигне. Можеби и ќе прочиташ нешто како: „3 причини зошто е лошо да си крут“..

fleksibilnost-ekpert.jpg

Разбери го ова, има милион овакви „експерти“ те демнат и ги демнат сите, единствено бидејќи не ги знаеш овие концепти. И сакаат да ти продадат нешто со што ќе ти ја поправат мобилноста и флексибилноста со некаква БОЖЕ САЧУВАЈ комплицирана техника.

И боље да си брз, бидејки нивната програма само со овој код ќе чини ххх пари, после ќе биде ужас скапо. 

Доближи се сега до мониторот.

Поблиску.

Уште поблиску.

НЕ Е НИШТО СПЕЦИЈАЛНО ИЛИ МАГИЧНО НИТУ ПА ИМА НЕКОЕ АПЧЕ ЗА ДА СТАНЕШ ПОФЛЕКСИБИЛЕН ИЛИ МОБИЛЕН.

Треба само да си посветен, доволно редовно и доволно долго.

Ако седиш на столче, на работа, секој ден по 8 саати, куковите гарант ти се затегнати. 

Решение?

Ниту ти треба некоја фенси масажа, ниту некојси суплемент. Ти треба, редовно и посветено истегнување што ќе ја минусира твојата, крутост. 

Треба да чучнеш на подот и да ги истегнеш тие кукови. Неколку пати. Тоа треба да го правиш. Ништо повеќе.

Ама, чекај нема да ми продадеш некоја тајна програма за флексибилност/мобилност

Не.

Запамти ја оваа тајна, не може да има флексибилност без мобилност и обратно. Не може тоа да се одвои!

Сите имаме потреба од некакво истегнување и движење, секој ден. Секој ден! 

Колку и колку долго зависи од твоите цели и твојата сегашна флексибилност. 

Што е до нас, СПОРТ ИНН препорачува редовно истегнување и редовно движење и тоа функционира скоро за сите.

Ако престанеш да се преправаш дека си доволно флексибилен и мобилен, дојди.

Previous
Previous

А, како знаеш дека, слабееш?

Next
Next

Жените не се мали мажи!