Жените не се мали мажи!

Па не се. Тоа го знам.

ТИ што не си забележал, различно е жена и маж. Има околу катаљон разлики.

Еве три ипол, жените се:

  • попаметни,

  • мирисаат поубаво,

  • ако генерализираме, генерално имаат повеќе шарм од мажи + не се потат.

200.gif

Чудно дека го читаш ова, а не е 8ми Март, нели?

Жените некако се соочени со две битки во една иста војна.

Војната со дебелината.

Од една страна, тие се еманципирани (или за овие прогресивниве - тие се: empowered), за да сфатат дека може да прават што сакаат без разлика на полот.

Од друга страна, никој не ги учи за овие работи, или уште полошо најчесто им се делат совети и водичи кои се базираат на погрешни информации.

Овие работи се: исхрана и информации за исхрана.

Исхрана или за прогресивните - nutrition, заедно со информациите за исхрана се базираат на студии кои се направени врз, погодуваш?

Мажи.

Ако некои се направени врз жени тогаш пак не се земаат сите битни фактори.

Полека не го дигај носот. Без разлика дали ТИ што читаш си жена или маж!

Медицинските и фармацевтските студии/истражувања генерално претпочитаат мажи, бидејќи така помалку треба да се замараат со хормони, бремености и ризици за бебиња.

Истражувањата за исхрана и слабеење, се збир од мали групи на учесници кои можеби? кореспондираат со реалноста. Со твојата реалност. Да бидеме искрени, најчесто, НЕ.

Истражувањето што го читаш за ептен гојазни мажи кои слабеат пред бајпас, како да ти кажам, не е еднакво, не може да се поистовети со тазе мајка која сака малку да го симне масното од стомакот!

Последици од и ефекти од кратење калории, куси периоди кога ти е дозволено да јадеш*? (прогресивно - fasting, не прогресивно - пост), СМРТ ЗА ЈАГЛЕХИДРАТИ, се значајно, ептен значајно различни за мажи и жени!

Хормоните и циклусите може да ти помогнат, ако обрнуваш доволно внимание.

Естрогенот ти помага да изградиш повеќе маса без масти, АКО му помагаш со соодветна исхрана.

Ако ги прифатиш разликите и ги сфатиш спецификите, како да ти кажам, на добар пат си.

Гледај тука една жена што има да ви каже 👇🏻

Ова што го прочита до сега, го пишува маж. 😘

* постење е метод, не е механизам. Нема да слабееш ако јадеш во временска рамка од 8 саати а 16 саати „фастиш“! Клик тука доле, ќе се чуеме ќе ти објасниме некои работи за методи и механизми 👇🏻

Previous
Previous

Мобилност контра флексибилност: што те буни?

Next
Next

Те боли нешто? Не е крај на светот!