Тренинг по срцев пулс за луѓе - како тебе
Со прецизно следење на срцевиот пулс и real-time feedback, секој твој напор се брои.
Приклучи се на движењето, за движење.
Позитивна промена која не ти е товар
Myzone го повзува светот, подобро од Нокиа, преку физичката активност, затоа што го брои секое твое движење.
Ако се уште бараш причини за да почнеш со тренинг базиран на твојот пулс, повели:
• Одговорност (да ти е малку криво ако не вежбаш),
• поврзување, ти осамен 😢 - ти + сите други myzone пријатели 🥳,
• навика, ама убава,
• позитивност, ама позитивна,
• уживање, ама од вежбање.
“Ќе правиме ли денес МЕПСОВИии”
Што е MYZONE?
Myzone ти овозможува едно свежо фитнес искуство со помош на појас за срцев пулс или алка за на рака, кое може да го гледаш на нашиот екран во сала или на myzone app, и така ќе знаеш колку се мачиш во реално време.
Другарство
Мотивирајте се меѓусебно, а најубаво фаќа мотивацијата - кога ти е тешко.
Носи го како сакаш!
Myzone може да го носиш: на гради ко појас, на рака ко алка, на зглоб како часовник..
Одговорност
Конечно, можеш да ги стигнеш целите кои си ги поставуваш, секоја нова година.
The Myzone App
Користи ја апликацијата на твојот телефон/часовник, кога не вежбаш во Sport Inn.
Во сала
Фрли поглед на својот пулс и зона, ама гледај и до каде се другите во групата.
Позитивност
Да видиш колку е убаво кога бркаш мепсови, универзалната мерка за „среќа“.
Како работи, MYZONE?
Заработи ги твоите, Myzone Effort Points. MEPs.
Сите се трудат, различно, ама кога вежбаш, убаво би било да постои систем што ќе го следи твојот напор и фала богу да те „награди“ за истиот. MEPсовите се врзани со тоа - колку напорно работи твоето срце и со твоите индивидуални срцеви зони.
Што се тоа, срцеви зони?
Тренинг по твојот срцев пулс
Пресметани од собраните податоци за твојот срцев пулс и плус некои други параметри (да не оптеретувам), твојот труд е поделен во пет зони, секоја зона претставува процент од твојот максимален срцев пулс. Со секоја минута вежбање, заработуваш мепсови за секоја минута додека си во некоја зона.
Светло сива зона,
е под 50% од Макс Срцев Пулс, таму заработуваш 0 MEPs по минута.
Сива зона,
е помеѓу 50-59% и тука добиваш 1 MEP по минута.
Сина зона,
е помеѓу 60-69% и добиваш 2 MEPs по минута.
Зелена зона,
веќе се потиш тука! Од 70-79% и добиваш 3 MEPs по минута.
Жолта зона,
малку е потешко тука, од 80 до 89% и добиваш 4 MEPs по минута.
Црвена зона,
одиш до макс, од 90 до 100%, и тука заработуваш добри 4 MEPs во минута.
Ако твојот максимален пулс се промени, Myzone автоматски ги поместува зоните, па така секогаш твојот напор е вистински твој.
Секој фитнес - не е фитнес
Ти и јас не сме на исто фитнес ниво, но:
Со Myzone сите некако сме на исто. Тој не ја мери брзината, каденцата, повторувањата или тежината која ја креваш. Го мери твојот труд, напор, твојот личен тренинг, по твојот пулс.
Тоа значи дека и почетници и gym rats може да се натпреваруваат колку сакаат.
Пробај направи си нова позитивна навика
Myzone ќе го пресмета твојот максимален пулс во првиот момент, оттогаш тренингот е лично твој.
Додека вежбаш, Myzone работи за тебе. Го дели твојот максимален срцев пулс во пет зони, секоја минута активност ја наградува со поени, а така си активен подолго и попосветено.
Бидејќи е поврзан со твојот максимум како процент, сите сте еднакви во тоа колку се трудите. Сите се натпреварувате и бодрите, заедно, другарски или помалку другарски.