We're just getting started
Ја создадовме Spinning® програмата во гаража во Санта Моника во 1991. Сега како што ја започнуваме 2014 сакаме да ја направиме и новата декада исто толку забавна како и претходните две.
Ви најавуваме глобално ребрендирање на Spinning® брендот, со ново лого, целосно нов изглед, нови велосипеди, нова спортска опрема и додатоци кои во целост го отсликуваат Spinnning® начинот на живот.
Истовремено ова ребрендирање е и враќање кон корените на програмата и асфалтирање на сосема нов пат. Нашата основна цел е секогаш, едноставна: да ги охрабриме и еманципираме нашите инструктори, нашите возачи и нашите центри - нашата глобална заедница. Ќе останеме верни и доследни на нашите велосипедски корени и почетоци, нашето знаење е надоградено од огромното искуство и ќе ви овозможиме вистински да ја доживеете и живеете нашата програма каде и да сте.
Во текот на неколкуте наредни месеци, ќе забележите како нашиот глобален бренд се освежува. Разликата ќе биде многу повеќе од само ново лого и неколку нови производи. Таа е почиста, послилна и повозбудллива презентација на тоа кои сме биле отсекогаш и во која насока ќе се движиме. Возбудени сме што заедно ќе го извозиме овој пат.
Подгответе се за многу нови, понуди и глупни настани во 2014 и понатаму. Spinning®. We started it all. And we’re just getting started.