Зошто ме боли...задник?!

1. Вашиот велосипед (Spinner®) не е правилно наместен. Најголем број од нашите „студенти“, а воедно и сите оние рекреативни возачи возат велосипед премногу ниско. Како да го поправите ова?!

2.Наместете го седиштето во висина на колкот, кога правилно ќе го наместите седиштето, би требало да имате благо свиткано колено во најниската точка на педалирање. Дополнителен сигнал за правилно наместено седиште е вашата карлица - таа треба да е мирна и да не се движи од една на друга страна. Наместете го седиштето напред/назад се додека вашето колено не е директно над најширокиот дел од стапалото (ball of the foot). 

3. Додадете отпор (возете во повисок степен). Вашиот задник треба да биде „мирен“ на седиштето, доколку „скока“ вашите нозе можат да издржат поголем отпор.

4. Неправилно држење на телото. Обично луѓето седат премногу „тешко“ на седиштето - аплицираат огромен притисок на седалната коска. Најчесто ова се случува поради неправилно држење или поради недоволно развиен средишен дел на телото (core). Идеално, би требало да седите кон крајот на седиштето и р`бетот да биде во релативно релаксирана неутрална положба. 

5. Навлаки исполнети со гел, да или не? Ова е премногу субјективно и има аргументи, за и против. Наше мислење е да ги пробате и да видите дали ви одговараат, генерално консезусот е дека е подобро да инвестирате во квалитетни велосипедски шорцеви. Имајте предвид дека ова се совети кои се наменети за генералната јавност и секој треба да ја пронајде својата идеална позиција за возење велосипед. Секое тело е различно и секое тело реагира сосема различно.

karas-15627.jpg
Previous
Previous

Земете си партнер

Next
Next

We're just getting started