Шампионот на хот-дозите?, хот-договите?

Знаеш што е хот-дог. Не, го знаеш шампионот! Мики Судо. Носител на Сенфовиот Каиш, веќе 8 години и сопственик на светскиот рекорд за најмногу изедени хот-дози, 48ипол за 10 мин!!! Еве ја:

Не е некој тешкаш, ко што помисли нели? Изгледа, не јаде цела година?

Лани победила со, веројатно јадела доручек претходно, изедени 42 хот-дози (нормално сосе лепчиња) за 10 мин.

Малку е нереално тоа што ќе го прочиташ во продолжение, ама не знам што да кажам освен, ЈУ ЕС ЕЈ! ЈУЕСЕЈ!

Вака, како студент се пријавила на некое такмичење по јадење pho? во 2012 во Лас Вегас, каде наградата била $1200 за тој/таа што ќе изеде 6кила такви нудли, а била гладна тој ден, си рекла, ќе ги јадам. И би. Победила. Изела 6кила такви за помалку од еден саат. Шест кила. Шест кила нудли! За помалку од еден саат!

Светнала сијаличката. Ја бивало за брзо јадење. А богами и за јадење. Наредната година се пријавила на милион такви локални јадачки за пари и во 2013 потишува со, Major League Eating и нејзината кариера тргнува. Како им текнуваат вакви работи?

Оттогаш, се натпреварува на поише од 50 такви јадачки утакмици. Како на пример, Ribfest Chicago’s RIBMANIA Eating Championship, или World Kimchi Eating Championship, или Тhe Buffalo Buffet Bowl, и во женската дивизија на Nathan’s Famous Hot Dog Eating Contest. Узпат на натпревариве го запознава и својот партнер, хах каде инаку, колега брз јадач Nick Wehry. Кој ја побарал за жена во добро и во зло и во изоблилие и во глад, откако победил на DraftKings Red Carpet Film Feast каде изел 50 тврдо варени јајца за 3 минути и 4 секунди. Е не, ко тука 2 месеци пред свадба ќе гладуваат..

И тоа им е кариерата и работа бе. ЈУЕСЕЈ!

Знам дека те копка што јаде по дома? Како се подготвува, како тренира?

Јаде досадно. Нормално, ко што сакаш (замислуваш) да јадеш и ти. Салата, месо, интегрални житарки..гледам авокадо..патлиџан..

За некои натпревари вежба техника? како и сите други спортови, за некои не.

Совети од шампионот, ако сакаш и ти да се пробаш. Може да им ја продадеме идејава за натпреварот на, не знам, Вуди виршлине. Пази сега!

Во една рака земи една или две виршли (без лепчето). Со предните заби гризни ги малку (2 пати) виршлите и одма после набутај ги до пола. “What’s important for me is having pieces I can swallow easily with minimal chewing,” вели Судо.

Немој да голташ! Џвакни еднаш, па гризни уште два пати со предните заби пред да го зададеш последниот, трет и финален гриз. Голтни све одеднаш. Земи го лепчето, скини го на пола, набутај го во пијачката (она користи некаков сок од јагоди и банана) направи топче од лепчето и бутни го во уста. Направи го истото со другото лепче. И пак од почеток.

Еве ти ја атмосферата на утакмицата:

Уште еднаш, Америка ај лав ју, барем овој дел од тебе..

„Ја многу пазам што јадам, само здраво јадам..“ и други муабети на пауза на работа

Да даваа по едно пиво секој пат кога сум ја чул реченицава ќе се викав Свето. Тебе да ти даваа по едно чоколатце секогаш кога ја имаш слушнато ќе се викаше..Савка. океј?

Сега ќе ти нареедам неколку, здрави грицки што ги јаде колешката што пази што јаде, органско, био, ЗДРАВО! На работа, на компјутер. Или колегата, што станува рано, вежба, за викенд вози точак, ти раскажува за нешто што го вика Intermittent fasting, (ти се праиш дека знаеш што е тоа), верниците тоа го викаат постење, нејсе..А ти не грицкаш такви работи ти сакаш некои други работи. Ама ти прават да се осеќаш, ко крив, ко нездрав..

Колешката Марија 👇🏻💋💄🫀🧠:

егзотично

Колегата Иван 🍏🍌🍎🥝🥬🥦🏋🏻‍♀️🚴‍♂️:

сабајле сум станал у 4 бев дигав шипки у сабота идеме до св николе

Ти кутриот?🍔🥓🍞🍫🥤:

И што сеа?

„Здравото“ и „бљак нездравото“ се тука некаде со калории. Не е убаво да и ставаш такви етикети на храната. Ако претпоставиме дека ти кутриот веројатно сакаш да ослабеш и имаш забрана на секој можен џанк фуд.

Ги гледаш колегите со нивните здрави грицки, се трудиш да ги јадеш истите, а мозокот мисли на сочниот бургер од пред месец дена, кој го изеде и се осеќаше...ко џанк. Ама јадеш тоа семките и сувото овошје и чекаш да си слаб...здрав..згоден..

Епа нема да ослабеш! Ниту ти, ниту Марија, па ни Иван. Пошто тоа семките се суви и исушени и стомакот ќе свири после 1 саат. Дали тогаш пак ќе се фатиш за здравиве грицки? А утре, а за 1 месец?

Ако навлеземе подлабоко, ќе видиме дека Ти кутриот не внесуваш квалитетни микро хранливи состојки (влакна, јаглехидрати, масти, протеини..)/миктронутриенти, со тоа бургер менито. Ама квалитетот нема да биде примарен ако се обидуваш да ослабеш? Знаеш што ќе ти биде примарно?

Да јадеш помалку, калории...да си свесен колку калории има ова или она и да лапнеш по некој хот дог или 48ипол за 10 минути понекогаш, а да не се осеќаш ко...ѓубре...него ко СВЕТСКИ РЕКОРДЕР.

Само слушај не што ти збориме. Знаеме што збориме иако не е комплицирано.

Next
Next

Колку тежи едно кило пот?