Твојата работа не е: 👉🏻 Фитнес ЕКСПЕРТ!

Твојата работа, апсолутно, дефинитивно, најверојатно, скоро сигурно не ги содржи зборовите: ‚‚Фитнес Експерт‘‘, во описот! Ти, можеби само сакаш да вежбаш или освен што сакаш да вежбаш веројатно некогаш сакаш и да: тренираш.

Твојата работа е: ‚‚ Да ја следиш програмата‘‘

Веројатно имаш работа за која си платен да ја извршуваш. Дополнително, веројатно имаш и некоја работа што мораш да ја вршиш во твоето семејство или дом. На тие може да додадеме еден тон обврски, улоги и активности на кои им е потребно твоето внимание, секој - СЕКОЈ ден.

Од сите овие, кои се твоите вистински работи?

Ајде да пробаме да ги одвоиме твоите вистински и не вистински работи.

Повеќето луѓе се фаќаат во замката:

  • скокаат од програма во програма,

  • или пак прават промени на програмата која им ја напишал професионалниот тренер,

а за жал сето тоа го прават, јер, прочитале или виделе некое видео на нет или на Грам.

Ако правиме муабет за фитнес, твојата работа не е да си свој фитнес експерт. Доколку пак дополнително се тренираш себеси и покрај тоа што имаш тренер! Веројатно тренерот ти е: како да не бидеме груби - ама - тренерот ти е, идиот.

Не можеш да правиш 10 работи со пола гз. Така ќе испадне дека имаш 5 гза, а кој сака да има 5 гза?! Никој!

Мораш да решиш што ти е, приоритет? Имаш ли приоритет? Прашај, ако не знаеш!

Добар тренер, односно тренер - цар, ќе те распраша, ќе те види и ќе ти предложи: што треба да ти биде приоритет, ако ти сама не знаеш!

Приоритетите се како раце. Ако мислиш дека можеш да имаш повеќе од две, како да ти кажеме - ама мислиме дека бладаш. Веројатно ќе прегориш.

Истото важи и за работа, мислиме дека повеќе од две работи никогаш нема да бидат добро завршени.

Имаш кариера. Врз таа кариера имаш некои социјални обврски, мајка си? Татко си..? Ќе бидеме, Ванѓи и ќе кажеме: фитнес тренер не е твојата работа!

Имаме пишувано и порано дека е сосема океј да си аматер! Да си почетник и да си свесен за тоа, а дури и да си фитнес тренер, веројатно за твојата лична програма трагаш по некои нови знаења па пак треба да прашаш некој друг.

Баеги грешиш ако си сам свој тренер.

Ако си сам свој тренер, твојот тренер веројатно е идиот. Колку порано го сфатите ова толку подобро. Еве ние, никогаш не се тренираме себеси! Ако сакаш да научиш нешто одиш кај тој што токму тоа специфичното го знае најдобро. Не правиш ништо сам. Еве да речеме сакаш да научиш гимнастика, м? Ај, пробај сам научи и тренирај гимнастика без тренер по гимнастика. Со среќа!

Без разлика дали е, гимнастика, кошарка, велосипедизам..одиш кај твојот тренер.

Еве да започнеме од нас. Иако сме тренери цареви и тоа ни е работата и таа работа, добро ја правиме. Нема да си дозволам, мојата ќерка, која сака пливање, да ја тренирам јас. Ќе ја тренира - тренер по пливање, друг.

Да го шутнете егото - е најдобрата работа во животот. Во Македонија егото е пуштено на најјако, за жал.

Зборувaјќи со некој кој е ‚‚глуп‘‘ ќе направи да се чувствуваш - ‚‚паметно‘‘.

Зборувајќи со некој кој е ‚‚паметен‘‘ ќе направи да се чувствуваш - ‚‚глупо‘‘.

Зборувајќи со некој кој е ‚‚многу паметен‘‘ ќе направи да се чувствуваш - ‚‚паметно‘‘.

Твојата единствена работа е: да најдеш некој на кој му веруваш. Ако му веруваш, нема да копаш по нет. Нема да се ‚‚дотренируваш‘‘ себеси. Вака гледај на проблемот со работиве.

Ако дома ти тече вода од шољата, викаш водоводџија, ти ја поправа за 10 минути и ти наплаќа, 6000 денари.

Еве си ти: ‚‚Цццц абе за 10 мин работа = 6000 денари, ме закрпи‘‘!

Ама не е така, веројатно тој е добар водоводџија, штом за 10 мин завршил. Веројатно има во комбето алат од 120.000 денари. Веројатно има инвестирано 10, 15 години во знаење за поправка на шољи, а тоа се многу шољи. Е затоа му плаќаш 6000 денари. Не му стоиш на глава и му викаш, за овој шраф ти треба цеваст клуч 12, дека на јутјуб имаш видено некој ‚‚уради сам‘‘ како поправа.

Епа исто е и со вежбањето и тренингот. Треба да знаеш, што ти е работа, а што не.

Да се вратиме на почетокот. Многу од вас имаат кариери кои им значат. Дополнително имате семејства, можеби и некое хоби. Тоа ви е приоритет.

Вашата работа е да вежбате, а програмата и начинот оставете ја на некој, на кој му верувате. Не можете да израснете трета рака.

Океј е да сте аматер. Прифатете го тоа. Не ви е работа да сте олимпиец и сега тука ве слушам преку тастатура: ‚‚ама сакам да сум најдобар: велосипедист, тркач, гимнастичар..‘‘.

Дечко/девојко, веројатно 8 саати работиш во некоја канцеларија или некаде на терен, не се лути, ама не си калибар за олимписко злато. Нема ништо лошо да сакаш да си најдобар, ама колку многу го сакаш тоа? Го сакаш ли толку многу, да дадеш отказ, да го напуштиш семејството, да немаш ништо друго на распоред и работа да ти биде, олимпиец?! Не? Да?

Previous
Previous

Не биди ѓубре - спортист!

Next
Next

Рециклирај го стариот леб