Најдобриот лош избор: Алкохол пред да си легнеш

Изберете го вистинското другарче на тоа вино.

Најздравиот и најпаметен избор не е секогаш опција, добро освен ако сте во карантин за роденден. Во најдобриот лош избор, да пробаме да ви погнеме кога ќе се најдете баш таму, потонати во тие мисли за, алкохол.

Во суштина:

Пиењето баш пред спиење може ви личи дека ќе ви помогне за подобар сон, како демек ќе се „опуштите‘‘, но навиката на крајот го всушност го нарушува РЕМ сонот. Погодувате, на крај ќе се разбудите поуморни следниот ден.

Сега кога ве така како малку ве искаравме да ви кажеме како да престанете да пиете.

НЕ пиете. Тоа е лесно, ама ај да пробаме нешто друго. Да ги намалиме ефектите, т.е. негативните ефекти од пиењето пред спиење.

Експертски совети:

Знаете како се создава алкохол? Со ферментација. Знаете, шеќер, ензими, габи, кои се одговорни за вашето превртување без спиење во ноќта, според д-р Кери Вилкенс, ко-основач и клинички директор на Центарот за мотивација и промени во Њујорк. 

„Црвените вина и темните алкохолни пијалоци се лош избор за пијалок навечер. Наместо тоа, решете се за бели вина или безбојни алкохолни пијалоци.‘‘ Јеј водка.

Спарувањето на пијалокот со грицки кои се супер богати со јаглехидрати само ќе ви направи поголема беља, бидејќи баш тие макронутриенти ќе го кренат нивото на шеќер во крвта. Паа, бидете паметни. Не ви треба баш тоа пиво пред да си легнете. Ако баш морате да пиете нешто и плус сакате да грицкате нешто, да речеме во карантин сте па треба да го завршите 23тиот оброк во денот, тогаш изберете некоја ниско гликемиска храна, ореви или маслинки, тие ќе го стабилизираат нивото на шеќер.

На крај:

Колку подоцна во денот пиете алкохол, толку се полоши ефектите, вели Вилкенс. Таа препорачува да го завршите последниот пијалок четири часа пред спиење и да имате најмалку четири дена без алкохол секоја седмица.

Интересно е што истражувањата покажуваат дека алкохолот најмалку го нарушува вашиот деноноќен ритам ако се конзумира меѓу 17 и 19 часот. Точно пред да се приберете дома.

Previous
Previous

Провери го Маслото

Next
Next

Колку јајца се многу јајца?