Провери го Маслото

Не е за џабе напишано со големо М.

Маслиновото масло треба да ви биде при рака достапно цело време. Сигурно сега откако сте мноооогу подолго во кујната и повеќе го гледате, ставате, мирисате. Знаете дека може многу брзо истото може да премине од маслинки кон запалена хартија. 

Еве ви три работи што ќе ви помогнат, односно ќе му помогнат на маслото:

  1. Чувајте го во непроѕирен сад! Тоа ако го претурате од тој што го имате купено, тие обично се темни. Ама ако имате некој фенси стаклен сад за масло, нека не биде проѕирен. Секогаш нека има капаче што убаво затвора. Не онакви – лабави целите што мрдаат. Светлината и воздухот ќе го оксидираат иии толку, чао маслинки - здраво запалена хартија.

  2. Мирисај го маслото, често. Добро не мора толку често како цвеќињата секое утро ама сепак. Треба да мириса така - како на бибер и на трева. Ако е така – јеј добро е. Ако мириса на восок или на мрсни боички – баталете тоа. Време е за ново. Ако не знаете како мирисаат мрсни боички, купете си. Еве имате сега време за боење.

  3. Провери ја етикетата. Сега кога имаме мобилни, читањето етикети е умрена навика ама еве да ја вратиме, барем за маслото. Квалитетните масла имаат дата на берење – harvest, а не датата кога е маслото ставено во шишето – bottle. Конзумирај масло макс 18 месеци од датата на собирање.

Што да правите со овие три совети. Па подгответе го 27 оброк за денес со убаво масло. Кога ќе одите до продавница ќе имате причина плус повеќе да се задржите и да читате етикети на масла или направете некоја торта.

Previous
Previous

Многу „нежно‘‘ не е на арно

Next
Next

Најдобриот лош избор: Алкохол пред да си легнеш