Стани посилна

&

Изгуби некое кило по пат..


animat-responsive-color.gif

Еден на Еден Индивидуална програма со нас

Програма креирана само за Тебе, уште еднаш Само за Тебе. Ти ја доставуваме до дома виа нашата ОНЛајн платформа и може да ја следиш на било кој уред. Не се секирај ќе те гледаме, цело време.


animat-checkmark-color.gif

Програма која ќе одговара на твоето тело, стил, опрема и околина

Без разлика дали имаш full home gym или го имаш само твоето тело. Програмата ќе биде прилагодена на твоите услови.


animat-lightbulb-color.gif

Пристап до нашата ексклузивна Sport Inn App

Пробај некоја од нашите веќе креирани програми, пратi ни порака или видео. Дополнителни совети за спортска исхрана, тестови за физичка подготвеност..Сето тоа од нашата app која е достапна на двете мобилни платформи: iOS и Android.


 

Зборовите на нашите ОнЛајн клиенти


ana-sportinn

Ана А.

Не се дебелееме за време на корона...вежбаме, се храниме здраво, слабееме...живееме во карантин, а спремни сме секогаш за на плажа ☼☼☼

Има едно место...каде “моите магионичари”, во време кога на тебе ти одговара, те потат, те вежбаат, легнат, станат, нозе, раце, стомаци...те качуваат на водно (ако несакаш не одиш, си замислуваш и си работиш во место...да да, дома пред ТВ)...те следат во секој чекор, нема мрдање...доволно е да ви кажам дека знаат колку вода си испил дневно и се ви е јасно...☻☺☻

Не ги фалам ејјј...дури малку кажувам...немам слика од пред за да направите паралела со потоа...пробајте па ќе знаете што ви зборувам!!!

Еве на кратко...

  • Минус 5кг

  • Минус 4 см во обем

  • Целулитчето го снемува полека

  • Фармерките ги соблакам закопчани

☺☺☻☻☺☺

Во ова време - невреме срдечно Ви препорачувам да пробате нов lifestyle со ова апликацииче...

Дечките од СпортИнн се закон и визуелно и виртуелно!!! ♥

Пробајте еднаш...ќе сакате пак ♥

IMG_20200710_190105.jpg

Оли

Дечки,

Јас имам само пофалби за целата онлајн програма и начинот на којшто е изведена: од начин на исхрана до правилен начин на изведување на вежбите се со цел подобрување на општото психофизичко здравје и во вакви услови.

Да, ми фали да бидеме во вашиот центар/нашето место :) ама сфаќам дека поради целосната доверба што ја имам стекнато во вас и дома сум во можност да ги направам вежбите коишто изгледаат многу комплицирани и за кои е полесно да се откажеш. Чувството после успешно завршена рутина е чувство на леснотија и дополнителна позитивна енергија - секој пат.

Самата онлајн апликација е одлична, со добри видео упатства и текст и прилагодени за услови во домот или пак и на отворено. Постојаниот мониторинг и можност за консултации го засилува чувството дека сме на прав пат.

Фала ви на посветеноста и професионалноста и за тоа што правите да се чувствуваме подобро со самите себе па и со тие околу нас. 

Препорачувам сите што сакаат да работат на себе без притоа да се плашат од повреди а сето тоа да биде на еден значаен и забавен начин да си дадат шанса во Спорт Инн.

Поздрав,

Оли

Драгица

Еден од ангажманите и мислата што ме одржуваше да не откачам скроз во овие месеци, бевте Вие, среќа што Ве запознав во време пред ова невреме 🤗

Промените се за мене неверојатни, килограмите не се за потценување ( иако со години не сум успевала да се вратам некаде каде јас сакав) , јас сум посреќна и презадоволна што јас вежбам ( верувајте, секој што добро ме познава, знае дека јас сум "мрза" за вежбање).

Така, јас сум Ви вечен должник, и пријател 😀

Се надевам ќе останеме сите во добро здравје и некогаш ќе почне се да функционира барем приближно нормално....

Иако не сум присталица на било што што е "онлине", Вас ќе Ве следам ( колку толку 😄).

 

Нашата ОнЛајн Платформа

sportinn-online-training-1
sportinn-online-training-3

Што е вклучено во вашата програма

  • Ќе се чуеме видиме - виртуелно

  • Лично Ваша индивидуална програма, веќе многу пати пишавме лично Ваша

  • 2 х 45 мин онлајн тренинг со нас во седмицата, се гледаме во живо

  • 1 х 30 мин се гледаме во живо за да видиме како оди исхраната или останатите цели

  • Пристап до дополнителни мини програми кои ги има на платформата.

ххх МКД

забелешка: ако сметате дека треба повеќе време да посветиме на вашите цели и исхрана во текот на седмицата, отколку на тренинзите, нема проблем ќе се договориме.

забелешка: сите консултации ќе бидат направени преку телефон или FaceTime/Viber