SlackFit Challenge 2016

Потребна е храброст за се постави ПРЕДновогодишна одлука, а уште повеќе истата да се оствари! Пред два месеци Sport Inn им постави предизвик на сите оние кои постојано си ветуваат "празни ветувања", дека ќе почнат со вежбање и здрави навики од утре, понеделник, 1ви и сл.

Предизвикот се состоеше од два месеци напорно вежбање на SLACKFIT фитнес програмата на Gibbon Slacklines Macedonia, придржување до здрава исхрана и активација на социјалните мрежи, а јавноста можеше да ги следи објавите на социјалните мрежи со хаштагот #slackfitmk.

По 2 поминати месеци, преку 60 пријавени, но само 40 селектирани учесници, 15 тренинзи, 7 фотосесии, цела нива брокули и цел кокошарник изедено пилешко, со гордост можеме да ги прогласиме победниците на SLACKFIT предизвикот!
Победниците на овој предизвик беа неизвесни до самиот крај!

Сепак, првото место заслужено му припадна на тимот EAST, со вкупно освоени 5069 поени! Со мала разлика зад нив, второто место го освоија "Златните" – GOLD FUTURE со вкупно 5005 поени, а МАФИНИ успеаа да го задржат третото место со 4738 поени.

EAST во 2017та ќе патуваат во Минхен за да бидат дел од осмото издание на WORLD SLACKLINE MASTERS by GIBBON
GOLD FUTURE ќе можат да продолжат со SLACKFIT програмата во природа со Gibbon Classicline – најбараната Gibbon лента. А секако и да научат по некој трик.
Со МАФИНИ ја продолжуваме дружбата во Sport Inn!

slackfit_skopje.jpg

Здравото и фит тело и здравите навики се животен стил. На овој предизвик некои од учесниците за прв пат се охрабрија да ги воведат во своето секојдневие, некои од нив се потсетија на благодетите од истите, а други пак само ги зацврстија и потврдија правилно донесените одлуки за здрав животен стил
Најважно од сè e дека изминатите два месеци одлично се дружевме, мотивиравме и охрабривме да спортуваме што е можно повеќе, поздраво да се храниме и да ги продолжиме навиките кои ги стекнавме со исто темпо во Новата година!
SLACKFIT програмата е идеална за сите што сакаат да ја променат секојдневната рутина!

Освен што можете да ја практикувате во Sport Inn, справата на која се прават вежбите – SLACKRACK- е идеална и за домашна употреба, за секоја возраст и за сечии потреби. За зајакнување на мускулите, балансирање, затегање, физиотерапевтски вежби, јога, акро баланс, но и за да се учат почетните движења на слеклајнингот.

Previous
Previous

TBT

Next
Next

Stop Slacking, Jump Start Slackfit !