SLACKFIT® ФИТНЕС
Slackfit® е револуционерен концепт за групен фитнес кој ќе ви овозможи да скокнете во slackline друштвото додека тренинрате во сала и во група. Во нашата програма комбинираме, ефективност, координација, стабилност, брзина, проприоцепција, но најмногу забава за целото тело.
Ефектвност: oдењето по slackline овозможува околу 1000 мускулни контракции во минута без воопшто да ги преоптоваруваме зглобовите.
Координација: тешко дека некоја друга активност е подобра за координација од slackline. Постојано подобрување на нервно- мускулната интеракција, а со тоа и на перформансите.
Стабилност: нишањето на slakline ги активира длабоко поставените мускули поврзани со зглобовите, а со тоа се намалува можноста за повреда преку зголемена контрола и стабилност на зглобовите.
Брзина: активност како slackline бара одлична брзина на реакција а токму поради тоа имаме постојано подобрување на сензомоторичките способности.
Проприоцепција: со slackline се подобрува перцепцијата на движењето на телото а со тоа се зголемува динамичното фино нагодување на секое движење, сето тоа во однос време-простор.
Забава: колку пати да ви кажеме дека е забавно. Забавно е ептен.