Зошто не ги промовираме тие: ,,Пред / Потоа фотографии?”

Има многу повеќе причини од овие 7 со букви, седум, но еве да почнеме од нив. Секоја ќе ја испринтаме на струкирана маичка па тоа ќе го промовираме.

  1. Често не ја покажуваат вистинската слика. Може да си играме со различна поза, светлина, облека, стегање.

    • Под вистинска слика, мислиме на вистината. Можеме да си играме и со многу повеќе напредни алатки ама и овие древниве: поза, светлина, флекс се доволни за да ве изманипулираат. Што би добиле ние од тоа?

  2. Не ја покажуваат целата работа што некој ја вложил за да изгледа така.

    • Знаете..тоа се само фотографии. Тоа е само некаков резултат, позадината на тој резултат е повеќе за сликање и документирање. Знаете за приказната на Арнолд.

  3. Наша цел: е да сте посреќни, посмирени, да научите нешто повеќе, да сте посамоуверени, а тоа да го сликнеш е: тешко.

    • Тоа е за муабет. Ние баш сакаме муабет.

  4. Ако ви требаат баш такви слики, не знам - да ве мотивираат? (а не треба!) Имате милион на нет, ѕирнете ги. Тоа не сте вие, тоа нема да сте вие, само вие сте вие.

    • Зошто тоа преправање? Биди си Ти. Најефтино е, најлесно е. Само тогаш ќе напреднете и во вежбањето и во карактерот.

  5. Има ‚‚тренери” што ги буткаат своите студенти во екстремни калориски дефицити и ги убиваат од тренирање своите вежбачи, само со една цел. Да изгледаат така во фамозната фотографија - потоа, а сакаат да стигнат до таму за 2 седмици. Само им креираат нов проблем во главата на тие вежбачи и им помагаат да влезат во една спирала на погрешни одлуки и мотиви. Баталете тоа, аман.

  6. Ние сакаме да се сликате и да си го следите напредокот. Ама правете го тоа за вас. Бидете си искрени, не се преправајте. Сликајте се на исто место, на исто светло, во иста облека. Без облека. Како го држите детето, кучето, мачето..

    • Ако се преправате, верувајте лажете само еден, а тоа не сме ние.

  7. Вашето тело е само ваше.

    • Ова нека ве води. Само вие имате целосно право и контрола врз вашето тело. Не го шиткајте за некој мизерен лајк што има вредност 2 секунди.

Додека ги читате овие 7 на вас ви текнува и уште некоја плус. Одлично.

Ви личат тотално реални и разумни. Па нормално, we want you, ајде да си направиме муабет.

Ако сакате да пробате no bullshit пристап кон тренинг, каде ќе научите нешто за себе, а и за вежбањето општо, а и за возење точак, а и за еспресо… Тука сме, ве чекаме.

Единствената фотографија Пред / Потоа што има смисла.

Единствената фотографија Пред / Потоа што има смисла.

Previous
Previous

Те боли нешто? Не е крај на светот!

Next
Next

Колку силни треба да бидете?