Може ли една Spinning® сесија?

 

Специфика на Spinning® програмата е што се изведува во групи но е крајно пресонализиран тренинг кој е прилагодлив за секој поединец.

Првиот Spinner® велосипед е направен пред повеќе од 20 години. Креаторите на Spinning® програмата несвесно создадоа една од најголемите програми за групни тренинзи во светот.

Spinning® програмата е креирана за да го подобри вашето здравје и форма и истовремено да ве поттикне на промена, без разлика колку години имате, во каква форма сте, колку сте координирани или флексибилни,  Spinning® е за сите. Токму поради овој факт оваа програма трае и е популарна веќе 20 години.

Само оние центри кои имаат оригинални Spinner® велосипеди и имаат тренери кои се едуцирани и поседуваат диплома од Spinning® едукативниот центар можат да ја понудат Spinninig® програмата.

Ние сме особено горди на фактот дека Спорт Инн Центар е единствениот официјален и сертифициран Spinning® центар во Македонија.
 
Spinning® програмата се нуди во повеќе од 100 земји во светот и во повеќе од 30 илјади фитнес центри. Бидејќи програмата постојано еволуира и покажува видливи резултати воопшто не е чудно што постојат огромен број на заљубеници во Spinning®.

Како почнува вашето Spinning® патување?
Почнува со само едно вртење на педалите. За вашиот тренинг треба да имате сила, одлучност, храброст за ново искуство и скромност.
Spinning® програмата ќе ви помогне да ги достигнете вашите цели преку безбеден и паметен тренинг кој е истовремено возбудлив и предизвикувачки. Со тренингот базиран на срцевиот пулс и внимателната рамнотежа помеѓу аеробното и анаеробното вежбање, Spinning® програмата е поделена на пет категории или Енергетски Зони: Закрепнување, Издржливост, Сила, Интервал и Ден за трка, (Energy Zones™: Recovery, Endurance, Strength, Interval и Race Day). Spinning® инструкторите ги користат овие зони за да креираат профили кои ќе ви овозможат врвно велосипедско искуство.

Spinning® час 45-50 минути возење на различен терен, музика и мотивирачко водење.

Spinning® & Core
Секое движење започнува од вашето “јадро”, па посветете му доволно внимание без да го жртвувате времето поминато на велосипедот. Во Spinning® & Core, возиме 45 минути а потоа сме на подот и имаме 10 минутен интензивен тренинг генерално фокусиран на вашиот средишен дел. Таргетирано мускулно тренинрање не постои и е мит кој оние кои имаат некаква корист од тоа, ние не сме Тие. Тоа не постои најмногу поради комплексноста и начинот на кој телото се движи и изведува вежби. Анатомија 101. Но можеме да ветиме дека ќе се подобри вашето возење велосипед. Што, како? Се надеваме не мислевте дека велосипед се вози само со нозе?!


Spinning® често поставувани прашања

Што да очекувам на мојот прв Spinning® час?
Секој час е малку различен и секој инструктор има свој стил. Нема натпревар на Spinning® часовите. Слушајте го вашето тело и изберете го интензитетот кој најмногу ви одговара. Најважно е да возите во ВАШ ритам.

Не гледам часови за почетници, средни и напредни возачи?
Spinning® програмата е за СЕКОГО, и секој возач може да го избере отпорот на својот велосипед. Инструкторот ќе понуди опции на возачите да го зголемат или намалат интензитетот како и да вклучат предизвикувачки движења на нивото на возачите. Во Спорт Инн имаме и Spinning® 101, воведни часови по Spinning® каде ќе се запознаете со основните принципи на возењето, правилното местење на велосипедот и Spinning® терминологијата.

Слушнав дека може да потрошам 1000 калории за време на еден Spinning® час. Дали е ова вистина?
АУ! Фактите се следни: има многу фактори кои одредуваат колку калории ќе потрошите, возраста, телесната тежина, фитнес нивото и нормално интензитетот со кој вежбате. Истражувањата укажуваат дека во просек учесниците трошат околку 400-500 калории за 40 минутно возење.

Како може да го направам возењето поудобно?
Дообро. Она што сакате да прашате е: “Што му е на седиштево?” Не се грижете, ако сте нови во Spinning® програмата по неколку сесии (најчесто шест) вашето тело ќе се навикне на седиштето. Друг начин е да носите вело-шорц, прашајте не каков да купите! Прашајте го инструкторот дали воопшто правилно седите на седиштето.

Може ли да си слушам моја музика (на слушалки-нормално) додека возиме?
Извинете. Мора да го слушате гласот на инструкторот тој ве води низ возењето. НО, доколку имате желба да ни пуштите некоја песна, кажете ни! Ако ни се допаѓа ќе ја ставиме во нашата следна playlist-а. Доколку сакате да слушате само своја музика слободно може да резервирате соло возење и да уживате во баш, баш, вашата музика.

Дали ќе станам подобра личност ако возам Spinning® во Спорт Инн?
Уште прашувате! Има некоја магија и чувство на припадност кај сите оние што возат Spinning®. Веруваме дека секој може да си ги оствари соништата, секој може да направи нешто што никогаш не помислил дека е возможно. Секое патување почнува од првиот чекор, колку и да е клише, вистина е.

Која е минималната возраст за да се вози во Спорт Инн?
Секој официјален Spinning® центар, има своја политика. Во Спорт Инн таа е 13 години.
Некои од основните параметри кои се наведени во Spinning® водичот се:

Висина: Правилно наместен велосипед е основа за спречување на повреди. Учесниците/возачите треба се доволно високи за да може да си го наместат велосипедот правилно, висина на седиште и напред/назад (fore/aft) позиција. Генерално Спинер велосипедите можат безбедно да ги возат луѓе повисоки од 152.4 см. Но ова па и не е строго правило бидејќи должината на нозете и торзото се исто така битни.

Возраст и зрелост: Доколку возат деца, потребно е да бидат сериозни, одговорни и да ги следат упатствата за безбедно возење. Знаеме дека понекогаш е интересно за децата да педалираат со “брзина на светлината” но тоа не е безбедно и поради тежината на тркалото се создава голема сила на забрзување доколку нема соодветен отпор. Доколку го прават ова ќе добијат забрзан курс по физика.

Вежбање со отпор наменето за деца и млади: Деца пред-пубертет не треба да “искачуваат планини” или да возат со голем отпор. Советуваме да не се користи голем отпор кај деца кои се во раст и развој! Фитнес за деца бара специфично програмирање (доколку сакате вашето дете да го активирате во Спорт Инн, прашајте не за нашата прогама за деца!

 
Previous
Previous

Посетете нѐ на Skopje Body Mind and Spirit Festival!

Next
Next

Утринско вежбање