Кои мускули навистина ги користиме додека возиме велосипед?

Сте се запрашале кои мускули се користат додека возите велосипед? Без разлика каков велосипедист сте, планински, друмски, или возите на затворено, најверојатно ги користите истите мускули.

Еден од оние митови кои долго време опстојуваат е - без да бидете закачени на вашите педали не можете да ја користите “задната ложа” Biceps Femoris (за да бидеме фенси) правилно и треба да зависите од квадрицепсите и тие да ве водат низ педалирањето. Бидејќи не можеме да го свиткаме коленото во спротивната насока на педалирањето имаме мускулен дисбаланс и ги уморуваме квадрицепсите побрзо, така не учеа и така е најлесно да си го замислиме.

p4pb8447366.jpg


Plot Twist. Не е баш така, оваа слика и репрезентација на мускулите при педалирње е теоретски модел, а како и другите теоретски модели така и овој во пракса баш и не е точен.

Телото е многу комплесно, мускулите кои се користат додека се вози велосипед не работат одделно, т.е. додека работи квадрицепсот - задната ложа не одмара. 

Ајде малку понаучно да пробаме да ја опфатиме тематикава. Задната ложа, има цел силно да ги истегне колковите а истовремено помалку силно да го свитка коленото. Квадрицепсите имаат цел силно да го истегнат коленото и полесно да го свиткаат колкот. Тие заедно работат наизменично да произведат локомотика на долниот дел од телото. Тренингот треба да биде насочен кон тоа да ја натераме задната ложа да ги свитка колковите и да го стабилизира коленото, а квадрицепсиот да го свитка коленото и да помогне да се стабилизира зглобот на колкот - на овој начин мускулите функционираат во реалноста и како треба да се тренираат, може да го заборавиме овој модел кој претпоставува дека треба да го тренираме секој мускул кор поврзува зглоб со цел силно да го свиткаме. 

 

За разлика од првиот модел овде може да видиме дека Biceps Femoris (веќе знаеме дека ова е фенси за - задна ложа) е најактивен мускул во долниот дел на педалирањето и најмалку активен во горниот дел. Барем според EMG (електромиограм), уред кој ја мери електричната активност на мускулите во мирување и за време на контракции, во втората илустрација. Со други зборови првата илустрација е тотално грешна и воопшто не ја отсликува реалноста при педалирање. 

Што значи ова за Вас?!
- Слободно може да возите со рамни педали и да немате страв дека вашите задни ложи ќе останат не навежбани.
- Треба да ги тренирате вашите нозе да произведат силен потисок надолу на педалата со помош на колковите.
- Битно е да возите. 


Previous
Previous

Sport INN на Spinning® денови во Словенија

Next
Next

Зимски Олимписки Игри 2014