Sport Inn Center

View Original

Колку јајца се многу јајца?

Одиме веднаш со наука:

Аргументот против јајцата веројатно го допре дното или земјата или кокошката. Од анализа на податоци за 177,000 луѓе во 50 држави доаѓаме до: јадењето на едно јајце секој ден има 0, (со букви нула) влијание врз ризиците од срцеви заболувања, висок холестерол или прерана смрт - дури и кај оние луѓе кои се под тој ризик.

Да прашаме доктор:

Старата мисла беше дека холестеролот во јајцата може да го зголеми вашиот сопствен холестерол и со тоа, вашиот ризик од кардиоваскуларни заболувања и други здравствени проблеми, вели авторката на студијата Махшид Дехан, доктор, истражувач на Институтот за здравствени истражувања на население од Универзитетот Мекмастер во Хамилтон , Онтарио. 

Но, нејзината последна опсежна студија (и други истражувања објавени во последните неколку години) укажуваат дека холестеролот во исхраната нема никаков ефект врз овие проблеми.

Можеби повеќе треба да се грижите за заситените масни киселини кои ги има во храна со холестерол. Сепак, јајцата немаат ништо, што укажува на тоа дека здравите луѓе можат да јадат повеќе од едно на ден без гајле.

На крај:

„Врз основа на нашите податоци, јадењето седум јајца седмично нема негативни ефекти“, потврдува Дехган. Како ќе изберете да ги јадете (едно секој ден или по две некој ден па ниту едно друг ден, на пример) зависи само од вашиот апетит и креативност.

Можете да јадете дополнителни белки ако сакате, но подобро е да се држите за цели јајца.

Сега можеби е вистинско време да го споделиме ова соопштение за јавност, односно апел од Македонските доктори, деновиве. Чук Чук.