Sport Inn Center

View Original

Четири придобивки од флексибилноста

Добивка #1: Ќе бидете посвитливи, bendy a?

Еден бенефит од флексибилноста е зголемувањето на опсегот на движење околу вашите зглобови. Ограничениот опсег на движење води кон болка, повреда и слаб перформанс. Мекото ткиво кое е околу зглобот, одредува колку тој зглоб ќе биде подвижен. Доколку мускулите се скратат, дали поради премногу или премалку употреба, вашиот мускулен потенцијал ќе се намали, секако ќе се зголеми и ризикот за повреда. Сите релевантни студии, сугерираат на фактот, истегнувањето, во било која форма, придонесува позитивно кон опсегот на движење. Но, за да ја зголемите должината треба да потрошите повеќе време. Она краткото, истегни се со цела сила да ги допреш прстите на нозете не функционира. За да се добие повеќе должина, потребно е да го задржите истегнувањето подолго. Една студија од 1994 покажува дека задршката во истегнатата положба е важна за зголемувањето на опсегот на движење. Внимавајте на тоа, ВАЖНА, студијата траела повеќе од 6 седмици, така што посветеноста е клуч, секогаш. Истото го имаме и со подолго користење на ролер од пена, повторно, подолго е клучен збор.

Добивка #2: Помалку ќе се повредувате

Седете си дома и се е ок. Освен овој битен совет имаме, концепт на флексибилност и повреди, ако го гледаме телото како целосен систем од поврзани делови кои работат заедно и овозможуваат движење. Тоа се вика ”Кинетички синџир” и тоа е нешто што треба да го запамтите. Мускулните дисбаланси (мускули околу зглобови кои се затегнати додека други мускули околу истиот зглоб се слаби) влијаат на начинот на кој зглобовите се движат. Доколку еден зглоб не се движи оптимално поради дисбаланс, нашите тела не можат баш така едноставно да направат shut down и да не спречат да се движиме, било како. Наместо тоа, телото бира кои други зглобови и мускули треба малку повеќе да поработат за да се овозможи одреден перформанс. Со други зборови, имаме компензирање на ограничувањата со повеќе работа на останатиот дел. Со трети зборови, ова носи кон повреда. Еовака, ако некој си го повреди глуждот и не може да оди како претходно. Пак мора некако да се движи, но мора и да го промени својот модел на движење за да се компензираат ограничувањата во повредениот глужд. Следно, почнува да го боли коленото или пак ”кичмата”. Овие промени во моделот на одење носат кон повеќе стрес на други делови на телото, кои пак носат кон други нови повреди. Ограниченото движење поради нефлексибилност има ист ваков ефект. Со време, овој неприроден стрес на телото се зголемува и некаде мора да пукне. ОК и..и особено битно е да се инкорпорира дневна рутина за флексибилност која ќе функционира за вас. Не знаете како да го направите тоа. Јавете се. Не е страшно. Ќе ве направиме Ван Дам.

Добивка #3: Ќе ја зголемите силата

За оваа добивка може да дебатираме до бесконечност. Наместо тоа, ајде вака. За мускулот да ги активира мускулните влакна оптимално, тој мора да ја има соодветната врска должина/тензија. Ова значи дека мускулот мора да биде во својата идеална должина, ни предолг ни прекус. Ако некој вежбач, пати од мускулни дисбаланси поради премногу употреба или постојано кратење или издожување, тие дисбаланси не само што ќе го ограничат движењето на зглобот туку и ќе го лимитираат степенот до кој тој мускул може да се активира/регрутира. Телото едноставно, така се штити од повреди. Сето ова, носи кон, вклучување на техники за флексибилност ќе ја подобри мускулната нерамнотежа и ќе ја подобри врската должина/тензија, со тоа ќе се овозможи генерирање на повеќе сила и во суштина зголемување на силовитите способности. За да не се дообјаснуваме. ”Ама ако се истегнувам статички пред тренинг за сила со тоа ми се намали истата?” Целта на горниот муабет е, статичното истегнување ќе го подобри мускулниот дисбаланс кои ќе доведат до зголемување на силата, не на зголемување на максималниот силов капацитет. Повеќето од истражувањата се интересираат на влијанието на статичното истегнување токму над максималната мускулна сила, во тој случај, ДА, статичното истегнување ќе го намали максималниот силов аутпут. Но, но, но, колку луѓе околу вас прават статично истегнување и веднаш по истото прават one-rep максимуми? Не, многу. Ако не сте елитен спортист на кој му треба максимално ниво на снага и сила за време на тренингот, статичното истегнување како загревање пред, општа, субмаксимална силовита тренинг рутина, најверојатно ќе ви помогне и ќе го подобри вашето движење за време на изведбата.

Добивка #4: Подобар перформанс, во недостаток на подобар збор

Флексибилноста е универзален допинг за сите, од про атлети до веб девелопери. Добар перформанс, вклучува, можност да се генерира брзина и сила во краток временски период, во променлива околина и со варијабилни нивоа на контрола и интензитет. Без соодветна флексибилност, спортистите нема да приложат оптимална моторичка контрола ниту пак капацитет да ги регрутираат мускулните влакна максимално. Двете се потребни за активности кои бараат брзи реакции, од спринтови до сечење со готварски нож. Колку повеќе баланс имаме во телото толку повеќе истото ќе функционира, подобро.

Да сумираме

Иако имаме повеќе бенефити од подобрувањето на флексибилноста, како, подобро држење и намален стрес, кога ја гледаме флексибилноста како тренинг рутина, истата често е заборавена. Можеби таа е клучот за подобрување на вашиот перформанс?