Земи ја таа диетата од 1200 калории и фрли ја во канта
Еве веќе 10 години како претвораме преправачки во не преправачки има една константа која не се менува од 2013та.
Жени кои користат некојаси апликација за следење калории и имаат цел да ослабат најчесто за таргет калории користат – 1200 kcal. Некогаш оваа бројка не ја лупаат сами туку ја добиваат од некој калкулатор за калории.
На жена висока 156 цм и тешка 70 кг која има активност – си седам на работа. Скоро сите тие калкулатори ќе и предложат внес на калории, нешто ситно под 1200 kcal, за да може да слабее околу 0,5 кг неделно. Математиката е следна: калкулаторот предвидува 1700 kcal дневна потрошувачка и одзема - 500 kcal на ден.
Симплс. Ама не е баш така. Јер да слабее човек не е баш така просто ко: 1700 – 500 = 1200 kcal и готово.
Диета од 1200 калории е глупа диета – види наслов горе, што да правиш со неа.
Ако јадеш 1200 kcal на ден или помалку реално се местиш во многу лош ќош од кој не можеш да избегаш. Замисли Ти во ќошот и Тајсон пред тебе. Свесно се ставаш во неодржлива ситуација практично, море и физиолошки.
Да ги внесеш сите потребни масти, влакна и микронутриенти, а да се држиш до тие 1200 kcal е ептен многу тешко. Веројатно - многу веројатно нема да имаш доволно енергија и сигурно ќе ти фалат хранливи материи. Потребите на организмот за протеини при вакви диети ќе патат, а со тоа веројатно заедно со слабеењто ќе губиш и мускули.
АмА ЗаТоА за 5 дена на одмор…коа ќе идеееш.
Заборави на било какви дружби, кафани, ресторани, пиво..ако диетата ти е 1200 kcal. Едно седнување во ресторан ќе те кошта околу 800 kcal што е огромен дел од твоите дневни „потреби“. Дури и некако да успееш да убуташ една кафана веројатно другиот дел од денот ќе пати. Тоа е едната страна.
Од друга страна може и да ги задоволиш сите потреби за макронутриенти ама заборави било какви ужинки и дружби со луѓе. Што на крај ќе биде едно такво гадно, мизерно, поминато време и откажување од диетата.
Ако па баш ти се погоди да го читаш ова и 1200 kcal е озбилно соодветен внес (ако си ниска и лесна, ама „слаба-дебела“) за да слабееш 0,5 кг неделно ова треба да го знаеш:
Пробај да слабееш, поспоро, поблаго. Нешто како да внесуваш 1500 kcal дневно, па така веројатно ќе губиш по 0,25 кг неделно НО пред да изгасиш све, знај дека ова е далеку поодржливо од претходното, веројатно ќе се придржуваш 6-8 недели и на крај повеќе ќе ослабеш. Наместо тие 1200 kcal од кои ќе се откажеш по една недела бидејќи е ту мач рестриктивно.
Земи активирај се. Наместо да седиш, биди малку поактивна. Тоа е лесно, лесно ко некој саат пешачење или неколку тренинзи во Спорт Инн неделно.
Запамти дека секогаш е подобро да вежбаш повеќе и да јадеш повеќе калории наместо – помалку дури и ако дефицитот е ист. Колку повеќе можеш да јадеш - толку повеќе квалитет во храната можеш да добиеш, плус имаш поголема флексибилност во оброците.
Циклуси на прејадување и гладување
Скоро сите жени со кои имаме муабет, а јадат по 1200 kcal, скоро сите не губат тежина. Чудно, бидејќи 1200 kcal е веројатно помалку од нивната основна метаболичка стапка, но ете. Не слабеат.
Проблемот е дека желбата и обидот да се внесат толку малку калории преку неделата, сигурно 100 посто ќе резултира со некакво опуштење за викендот. Чит мил...и слично. Па на крај неделно ќе го поминете просекот од 1200 kcal и чао слабеење.
Оваа ситуација е:
најчестата,
најтажната,
шема која ја гледам секој пат. Многу рестрикции за храна преку недела и дај да изедам све живо преку викенд.
И во понеделник:
Овој циклус не е само - гладување и прејадување има тука и вина и воздржување и баталување на све живо..
На крај резултатот е: мизерно помината недела со секакви откажувања па уште помизерно време за викенд кога ќе се набуташ со чипсови, чоколади, алкохол, скари со лебови...
Да излезеш од оваа шема, најчесто бара од тебе да престанеш да се набутуваш и прејадуваш за време на викендот. Кога ќе престанеш да го правиш тоа, веројатно ќе слабееш.
За крај
За навистина многу малку луѓе диети со 1200 kcal се соодветни. Као озбилно многу малку за кои навистина работат – долгорочно. За многу многу повеќе луѓе (читај - Сите Вас) диети со повеќе калории кон кои ќе се придржуваш дооолго време, ќе дадат резултат. Ако и ти си заглавена во овој циклус, молимте не барај друга диета на интернет од 1200 kcal.
АмА овОј паТ друго е.
НЕ Е. Исти се сите, заникаде, за во канта. Јави се ќе си направиме муабет, заедно ќе составиме план – од таму почнуваат сите промени.
p.s. или ако не ти се праи муабет, пиши ни, што ти е тешко 👇🏻