Sport Inn Center

View Original

Кој носи што? Водич до маичките на Tour de France

MAILLOT JAUNE - ЖОЛТА МАИЧКА: СЕВКУПЕН ЛИДЕР НА ТРКАТА ОД ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН

За време првиот Tour de France во 1903 лидерот на трката носел зелена лента околу раката, не носел жолта маичка како денес. Исто така, лидерот на трката првично се одлучувал по систем со поени - но тоа се покажало како неефикасно откако имало бројни контроверзии во првите изданија на трката - споредено со најкраткото кумулативно време како репер денес. Се до 1919 ја немало прочуената жолта маичка на трката, или 1913 година, во зависност на кого му верувате. Белгискиот три-кратен освојувач Philippe Thys тврди дека токму на него му била доделена првата жолта маичка. Истиот тој ја одбил бидејќи сметал дека со жолтата маичка ќе биде поголема мета на своите ривали. Тука се вмешале спонзорите на Philippe и веројетно под притисок на тимскиот менаџер на неговиот тим Peugeot, Alphonse Baugé, тој сепак не ја носел жолтата маичка и бил лидер, инкогнито. Постојано се испитува вистинитоста на приказнава, бидејќи немаме никакви слики од весниците кои покажуваат лидер на трката облечен во жолто во 1913, а немаме ни сведоци од таа година за да ги консултираме. хех.

Според официјалната историја, сепак, првата Жолта Маичка ја носел Французинот, Eugène Christophe на 11 етапа на 18 Јули, 1919. Ни тој не ја сакал нешто многу - затоа што со маичката им станало јасно на неговите ривали каков е неговиот план. Жолтата боја која е иста како и онаа на канаринците, брзо станала тема за сеир од публиката. Игра на зборови (секако на Француски) било неговото име Christophe и Францускиот израз за канаринец "Cri-cri!". Публиката свиркала и го навредувала (прилична културна навреда, за 1919) од 02 часот (тогаш трката почнувала во тоа нездраво време) му правела звуци на канаринци што сигурно не му било омилено после 8 часа возење...
Зошто жолто? Една мисла тврди дека жолтата била баеги непопуларна боја па било поефтино да се направат еден куп маички. Посериозната историја вели дека жотата боја е поврзана со спонзорот на трката, весникот L’Auto-Vélo (кој еволуирал во L'Equippe, звучи познато, а?), кој бил испринтан на жолта хартија. Каква и да е вистината, славната ЖолтаМаичка е една од најпознатите парчиња облека во велосипедизмот.

MAILLOT VERT - ЗЕЛЕНА МАИЧКА: НАТПРЕВАР ВО ПОЕНИ

(ПОЗНАТА И КАКО, СПРИНТЕРСКА МАИЧКА)

За да се прослави сребрениот јубилеј или 50тиот Ле Тур во 1953 (а и во обид да се привлечат нови велосипедисти откако Фаусто Копи надчовечки ги потепал сите во 1952 година, лесно победувајќи со дебела разлика од околу половина час), втора класификациска маичка е - официјално воведена. Не дека со новата маичка некако се успорил Копи, но барем им овозможило на другите велосипедисти да се насочат кон некаква друга победа. Маичката се доделувала на возачот со најмалку акумулирани поени на крајот на секоја етапа, повеќе поени - колку поназад биле возачите. Овој малку чуден (ни јас не го сфаќам баш) и нереален систем е напуштен во 1959 и на негово место е воведен далеку покоректен ”најдобриот финишер/спринтер добива најмногу поени” - систем, истиот сеуште е актуелен. Бојата на оваа маичка е зелена, дека нели, тоа е ”бојата на надежта” - малку зајадливо од организаторите. Чиста коинциденција е дека првиот спонзор на оваа маичка била компанија која продавала косилки за трева, мех. Како и да е, Швајцарецот Fritz Schär победил во натпреварот и со тоа ја освоил првата зелена маичка со солидни 271 поен. Колку солидни баш и не сум сигурен. Маичката е зелена оттогаш, со исклучок на 1968 кога еднаш и само еднаш била црвена (спонзорски обврски) - е таа дефинитивно е Свет Грал за некои од вас фанатици кои сакаат да имаат единствено парче историја од Ле Тур. Сега, поени се доделуваат и на преодни целни рамнини на повеќето ако не и на секоја етапа, со цел да се дигне тензијата и на оние ”досадните” транзициски етапи.

MAILLOT À POIS ROUGE - ТОЧКАСТА МАИЧКА: КРАЛ НА ПЛАНИНИТЕ

Не дека Ле Тур ги има игнорирано неверојатните качувачи до 1975 кога и првата црвено бела точкаста маичка е воведена (спонзор биле Chocolat Poulain, чоколади) туку таа година натпреварувањето во качување добива сопствена класификациска маичка: Le maillot à pois rouge. Всушност, Кралевите на Планините се борат во облаците од 1933 за официјалната, без маичка, титула а дури и пред тоа во неофицијалниот climbers cup, најдобриот качувач се бирал со гласање од страна на блиските пријатели на спонзорот на трката, L'Auto. Кога маичката и офцијално е воведена честа да ја носи прв во 1975 ја имал Белгиецот Lucien Van Impe. Исто како и зелената маичка со преодните целни линии и спринтерските завршници на рамните етапи, точкастата маичка се добива со собирање на поени од сите класифицирани качувања на етапата. Поените се резервирани за првите десет велосипедисти на екстремно тешките качувања на Алпите или Пиринеите или за првите тројца на некои едноставни качувања како мостови и ридови. Колку потежок врвот толку повеќе поени во класификацијата. Огранизаторот има експериментирано и со дополнителни секунди, се мисли на кратење на вкупното време, за сите познати качувачи со цел да ги стимулира за борба во генералниот пласман. Оваа година овој систем е воведен, т.е. вратен во употреба за спринтерите. Можеби следната ќе го видиме и за планинските кози.

MAILLOT BLANC - БЕЛА МАИЧКА: НАЈДОБАР МЛАД ВОЗАЧ

Белата Маичка е воведена во 1968 година но не со истата цел како денес. Таа оригинално се доделувала на лидерот во Комбинираната Класификација, не го мешајте со Генерална Класификација, тоа е позицијата на возачот од сите етапи, значи е врзана со позицијата на сите етапи не со вкупното време. Белата Маичка ја има денешната улога од 1975 односно ја носи најдобро пласираниот млад возач, првата ја носел Francesco Moser (направете еден рисрч за него, ЦАР!). Наместо со поени оваа маичка го следи вкупното време исто како и Жолтата и за неа се борат најдобро пласираните возачи под 26 години (основа е возраста на 1ви Јануари следната година). Секакви формати се користеле во ова натпреварување, од најдобриот полупрофесионален возач до најдобар дебитант. Натпреварувањето за белата маичка од 1997 го носи името во чест на Fabio Casartelli младиот италијанец кој го загуби животот спуштајќи се од Col de Portet d'Aspet на 15 етапа во 1995 година.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
Има толку многу анегдоти и приказни за Ле Тур што може да го правиме ова до бесконечност. Побарајте ги пишуванките на Barry Boyce, Les Woodland или Jacques
Augendre, нема да зажалите.