Sport Inn Center

View Original

Дали со Spinning® ќе ми се зголеми, задникот?

Веќе знаете што ве прави потенки: нормална здрава исхрана, редовно вежбање и тренинг за сила. Просечниот 40 минутен Spinning® час овозможува да изгорите просечно 400-500 калории, што е добар старт.

Ама дали ако се качуваме на ридови на Spinner® ќе се ”зголемиме”?
Ако си одговоривте ”ДА”, сигурно не сте единствени. Можеби скоро почнавте со тренинзи па забележувате дека облеката некако различно ви стои. Главната причина најверојатно се неколку фактори: работите на нови мускулни групи, градите ново мускулно ткиво и губите масно ткиво. Запамтете, мускулните влакна се погусти од мастите, па и затоа тежат повеќе - дополнително и трошат повеќе калории, ова е добра вест за вас кои сакате да симнете некој кг.


И на крај..?
Качувањето е начин да изградите повеќе сила, што е и интегрален дел од нашата Spinning® програма. Како и да е, да изградите импресивни мускулни влакна на квадрицепсите и глутеусот, треба да вртите прилично голема брзина, мисли big ring и тоа прилично доооолго. За време на нашите Spinning® часови обично, клучен збор ОБИЧНО, качувањата во голема брзина не траат толку долго, па нема баш време за голем гс.

Запамтете:
Нашите Spinning® часови во просек траат околу 50 минути, но вие ги возите. Кога нешто не ви е јасно слободно прашајте го инструкторот, сигурно ќе ви помогне да ги стигнете вашите цели. Можеби и тој/таа сака поголем задник.

See this content in the original post