Sport Inn Center

View Original

НГ одлука, совет #1:

Она што го пишавме претходно, зоната во која имате најголем бенефит ако сте заинтересирани за намалување на телесната тежина и подобрување на вашата форма  ја викаме Endurance Energy Zone. Всушност имаме пет зони, секоја со свои предности! 

Recovery Energy Zone (50%–65% од MHR)
Му дозволува на телото да одмори, ја намалува претренираноста и го намалува ризикот од повреди.

Endurance Energy Zone (65%–75% од MHR)
Ја гради вашата аеробна база, и ги намалува масите преку континуиран стабилен пулс во удобен ритам во подолг период.

Strength Energy Zone (75%–85% од MHR)
Ја подобрува кардиоваскуларната сила со зголемен интензитет.

Interval Energy Zone (65%–92% од MHR)
Го стимулира вашиот метаболизам и трошењето на калории со налети на брзина и сила следени со периоди на одмор.

Race Day Energy Zone (80%–92% од MHR)
Оваа зона е крајниот предизвик,  all-out effort и начин да се тестирате себеси физички и ментално.