Sport Inn Center

View Original

Дали треба да возиш точак сред Ковид-19?

Свесни сме сите дека владее пандемија, што и како е тоа повелете на who.org. Имате други прашања околу точак и корона вирусот, ајде да пристапиме.

Дали е безбедно да се вози надвор?

Да, безбедно е. Се препорачува социјaлно дистанцирање, а кој подобро може да се справи со тоа ако не точкари. Веројатно и ти си возел сам 4 саати, неколку пати во неделата. Најдобар план е - да возите соло. 

Ако ве грижи студеното време, тоа помина. Во секој случај не мора да возите во 05. Не мора да си закачите настинка. Сега за сега нема задолжителен карантин, па да морате да возите дома, значи уживајте сами.

НЕ ВАКА!

Дали да возиме во група?

Сега не е време за групни возења. Гледате дека сите трки се забранети, има зошто. 

Колку е опасно да се плука додека се вози?

Па многу. Еден од начините за пренесување на вирусот се респираторни капки, плукање и кивање. Затоа не мора да плукате. 

Колку долго останува Ковид-19 на облека?

Тоа баш за сигурно, не се знае. Ако забележите дека имате плунка на облеката, не ја допирајте, ако е можно соблечете ја веднаш, а дома се разбира исперете ја. 

Дали може Ковид-19 да се пренесе преку пот?

Не. Сѐ уште нема такви информации.

Дали може да заразам некого ако јас немам симптоми? 

Да, веројатно може. Можете да заразите некој и пред да се развијат симптоми на болеста кај вас. Колку долго, сѐ уште не знаеме. Да повториме, возете соло. Држете дистанца. Носете ракавици и ве молиме не го допирајте лицето.

Дали имунолошкиот систем е ослабнат по возење или по тежок тренинг?

Како што ги трошите резервите на гликоген – така и имунолошкиот систем не функционира, добро како претходно. Ова значи дека: ако по тешка вожња или трка сте изложени на некој вирус, вашиот одбранбен систем е малку во нокдаун. Наша препорака е барем во овој период да избегнувате тешки тренинзи и дооолги возења. Внимавајте повеќе на здравјето не на формата.

Важно!

Внимавајте додека возите, иако кај нас здравствениот систем не е оптоварен со пациенти од вирусот, сепак сега не е време да заглавувате во болници. Внимавајте како возите, не мора баш сега да паднете. Не мора баш сега да го срушите КОМ-от на спуст од Водно, или било кој друг.