Утринско вежбање
Разбуди се во Спорт Инн!
Не постојат магични апчиња за да изгубите дел од вашата телесна тежина - мора да вежбате. Најчесто вежбањето ни е на последното место во и онака натрупаниот распоред за денот. Заедно ќе се потрудиме вежбањето да ви стане навика и да биде дел од вашиот животен стил.
Спорт Инн ќе ви помогне да ја изградите оваа навика и за прв пат во Р. Македонија им овозможува на членовите да ги искусат предностите на утринското вежбање.
Сметајте го утринското вежбање како важен бизнис состанок - состанок кој не можете да го откажете.
И да, нема да ги набројуваме предностите, дојдете и почувствувајте ги!